Connect with us

Магазин

Научници: Студените зими стануваат поретки поради глобалното затоплување

Според научниците, ваквите екстремни студови ќе стануваат сѐ поретки и поблаги до крајот на векот.

Научници од Кина и САД открија дека климатските промени предизвикани од човекот го намалуваат интензитетот на екстремните студови, објави Синхуа.

Истражувањето, објавено во списанието Climate and Atmospheric Science, е спроведено од Институтот за атмосферска физика при Кинеската академија на науките, Кинеската академија за метеоролошки науки и Универзитетот во Олбани при Државниот универзитет на Њујорк.

Студијата се фокусирала на силниот студен бран што ја зафати Источна Кина во декември 2023 година. Утврдено е дека невообичаени атмосферски циркулациски модели биле главниот фактор за екстремниот студ, но истовремено ефектот на глобалното затоплување ја намалил неговата сила за околу 22 отсто.

– Нашите наоди потврдуваат дека климатските промени предизвикани од човекот навистина ги ублажуваат екстремните студени појави, изјави професорот Цјан Чен од Институтот за атмосферска физика.

Истражувањето покажува дека човечкото влијание ја намалило веројатноста за појава на слични студени бранови за 92 отсто, а нивната просечна температура е зголемена за 1,9 степени Целзиусови во споредба со хипотетичка ситуација без човечко влијание.

Според научниците, ваквите екстремни студови ќе стануваат сѐ поретки и поблаги до крајот на векот. Во сценарио со умерени емисии, фреквенцијата на студените бранови се очекува да се намали за 95 отсто, а нивната интензивност да биде пониска за повеќе од 2°C.

Сепак, научниците предупредуваат дека екстремниот студ нема целосно да исчезне.

– Дури и ако се постигне климатска неутралност и глобалното затоплување се ограничи на 1,5°C според целите на Парискиот договор, можни се непредвидливи студени бранови, вели професорот Чен, заклучувајќи дека општествата мора да бидат подготвени за ненадејни температурни падови. (МИА)

Advertisement

Магазин

Овие симптоми укажуваат дека вашиот црн дроб можеби не е во ред – не ги занемарувајте!

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото – го прочистува организмот од токсини, го регулира шеќерот во крвта и го помага варењето. Кога не функционира правилно, симптомите се појавуваат постепено и често се игнорираат, што може да доведе до сериозни последици.

Најчести рани знаци на проблеми со црниот дроб се:

1. Хроничен замор и недостаток на енергија – телото станува исцрпено затоа што црниот дроб не ги разградува токсините ефикасно. Умор кој не поминува ниту со одмор може да биде рано предупредување.

2. Жолтеникава кожа и очи – настанува кога се натрупува билирубин во крвта. Обично е знак за воспаление или оштетување на црниот дроб и бара итен лекарски преглед.

3. Отекување на нозете и зглобовите – поради нарушена рамнотежа на протеини и течности, што често укажува на посериозно оштетување на црниот дроб.

Лекарите советуваат: при појава на овие симптоми, задолжително направете крвни анализи и ултразвук на абдоменот – раната дијагноза е клучна за заштита на црниот дроб.

Continue Reading

Магазин

Дневен хороскоп за петок – 7 ноември: Ова не е ден за опуштање, неколку знаци ги очекуваат сериозни предизвици!

ОВЕН
Не се опуштајте премногу, дури и ако мислите дека имате целосна контрола над ситуацијата. Можно е личност од која најмалку очекувате да ве изненади и да ве стави во непријатна положба. Денот не е идеален за добивки, но е добар за да се заштитите од загуби.

БИК
Сè што е поврзано со учење или нови деловни проекти денес носи можности. Прифатете нови предизвици и не двоумете се да прашувате – така ќе покажете вистински интерес и ќе стекнете поддршка, особено од поискусна личност.

БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте емоциите да ве наведат да реагирате импулсивно. Бидете искрени, но и смирени – така ќе покажете стабилност. Промените ќе бидат неизбежни, иако можеби нема да ви се допаднат, па затоа најдете начин да се прилагодите.

РАК
Избегнувајте нагли реакции и критики кои можат да се сфатат погрешно. Ако нешто не одобрувате, кажете го отворено – молчењето само ќе создаде забуна. Искреноста ќе ви помогне да видите јасно што е вистински важно.

ЛАВ
Обидете се да не се преоптоварувате – денес е подобро да направите помалку, но со повеќе мир. Посветете внимание на семејството и најблиските, покажете им дека ви значат. Организирајте нешто што ќе ве опушти и ќе ве наполни со позитивна енергија.

ДЕВИЦА
Ќе бидете исполнети со енергија и ентузијазам, особено во активности што носат напредок. Продолжете со плановите, но оставете простор за учење и истражување. Не се плашете од успехот – заслужено ве очекува.

ВАГА
Сè оди според планот, но избегнувајте да се потпирате на туѓи идеи или заслуги. Верувајте во себе и во сопствените ставови. Ако сакате да оставите впечаток на работното место, променете нешто во пристапот – свежината ќе ви донесе успех.

ШКОРПИЈА
Ќе ве инспирира личност со силна креативна енергија. Прифатете нови проекти, но останете реални и внимателни во проценките. Важно е да знаете точно што сакате и каде се движите.

СТРЕЛЕЦ
Љубовта и емоциите денес можат да ве одведат во погрешна насока, затоа држете се до вашата визија. Сега не е време за ризични одлуки, туку за стабилност и фокус. Дури и ако се сомневате во себе, не го покажувајте тоа – самодовербата е вашата најсилна алатка.

ЈАРЕЦ
Иако сè изгледа под контрола, бидете внимателни – искреноста е клучна. Ако нешто сте премолчале или погрешно прикажале, време е да го исправите. Со отворен пристап ќе избегнете недоразбирања и ќе добиете нова шанса.

ВОДОЛИЈА
Ќе бидете чувствителни и под влијание на околината. Не дозволувајте емоциите да ве совладаат – подобро е да се повлечете и да размислите што навистина чувствувате. Верувајте во својата интуиција, таа ќе ве насочи правилно.

РИБИ
Избегнувајте остри зборови и прекумерна критика. Денес е ден за трпение и умереност. Оставете ги работите да се развиваат по свој тек – првичниот впечаток може да биде измамен, па затоа набљудувајте внимателно пред да реагирате.

Continue Reading

Магазин

Биомеханичар откри зошто плачеме кога сечеме кромид и како да го избегнеме тоа со едноставен трик

Истражувачи од Универзитетот Корнел во САД открија што точно предизвикува солзи при сечењето кромид и како тоа едноставно може да се спречи. Долго време се верувало дека ладењето на кромидот помага, но новото истражување покажува дека клучот не е во температурата, туку во остриот нож и бавната, внимателна сечка.

Сузите се резултат на хемиска реакција која ослободува пропанетал S-оксид – гас кој ја иритира окото. Тој се создава кога клетките на кромидот се оштетуваат, а потоа реагира со воздухот, создавајќи фина магла која доаѓа во контакт со очите.

Биомеханичарот Зикуан Ву и неговиот тим користеле мини-гиљотина, сензори и камера со висока резолуција за да го следат ослободувањето на микрокапките од кромидот. Резултатите покажале дека остар нож и бавни, внимателни движења значително го намалуваат количеството магла што се создава, со што се намалува иритацијата на очите и се подобрува хигиената во кујната.

Истражувањето покажало дека секој слој кромид има горна и долна мембрана, а при сечење тие се пробиваат и предизвикуваат експлозивно ослободување на капки. Со туп нож, потребната сила е поголема, што ја забрзува појавата на микрокапките – тие можат да достигнат брзина од 144 км/ч и токму тие најмногу ги иритираат очите.

Популарниот мит за ладење на кромидот е демантиран – температурата нема значително влијание, а ладењето може дури и да ја влоши ситуацијата, бидејќи промените во структурата на ткивото ја зголемуваат силата потребна за сечење.

Заклучокот на истражувачите е едноставен: користете остар нож и сечете полека и внимателно. Овој метод не само што ги штити очите, туку и го намалува ширењето на бактерии, правејќи го готвењето посигурно и поугодно.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг