Connect with us

Скопје

Вандали се „бореле“ со клупите во „Жена борец“ во општина Центар, се бара итна реакција

Вака утрото изгледаше „Жена парк – Борец“ во центарот на Скопје – скршени и откорнати клупи, расфрлан отпад…

Повторно излив на грд и нископриземен вандализам во главниот град. Фотографиите деновиве ги споделуваат по социјалните мрежи граѓани на Скопје со повик конечно да се преземе нешто за зачувување на општите добра. Граѓните бараат итни мерки од Општина Центар.

Advertisement

Скопје

Скопје добива нови директори во четирите најголеми јавни претпријатија

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва официјално ги објави имињата на новите вршители на должноста директори во четирите најзначајни јавни претпријатија што се под ингеренција на Градот.

Во ЈП „Улици и патишта“ на чело ќе застане Борис Настов, кој и претходно ја извршуваше оваа функција во почетниот период од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Нов в.д. директор на „Водовод и канализација“ е Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на Општина Кисела Вода.

Во ЈСП Скопје функцијата в.д. директор ќе ја преземе Саше, кој има повеќегодишно искуство во претпријатието и одлично ги познава сите негови оперативни процеси. Во „Комунална хигиена“ нов в.д. директор ќе биде Драги, човек со долга кариера во комуналниот сектор, за кого Ѓорѓиевски истакна дека се покажал особено успешно за време на големата акција „72 часа“.

Градоначалникот нагласи дека изборот бил направен врз основа на професионални компетенции, а не врз основа на партиска или јавна припадност.

Continue Reading

Скопје

Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје: современо решение за полесен и побезбеден сообраќај

Скопје влегува во нова ера на урбан развој – главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница, која ќе се гради на потегот од под „Лимак“ до влезот во Кисела Вода. Проектот, кој го најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има за цел да го растовари централното градско подрачје и да воведе современи сообраќајни решенија по европски стандарди.

„По завршувањето на правната постапка веднаш започнуваме со работа. Ова е капитална инвестиција што ќе донесе вистински пресврт во урбаното живеење и ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот“, изјави Ѓорѓиевски.

Подземната сообраќајница ќе има шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две резервирани за јавен превоз – како и пешачки патеки кои ќе овозможат побезбедно движење.

Дополнително, ќе се изградат нови кружни текови кај „Нова Македонија“, булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, што ќе придонесат за подобар проток на возила и модерна регулација на сообраќајот.

„Со овој проект, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо. Центарот конечно ќе се ослободи од гужвите и ќе стане покомфорен, побезбеден и поуреден за сите граѓани“, нагласи градоначалникот, додавајќи дека подземната сообраќајница е симбол на „новото време“ и почеток на вистинската преродба на Скопје.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје – честитка за 13 Ноември

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оддаде почит на паднатите херои пред Споменикот на ослободителите на Скопје и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски, во чест на 13 Ноември – денот кога градот се дигна против фашизмот.

„На овој ден, Скопје повторно се роди – од пепелта, со верба дека слободата вреди повеќе од животот. Овој ден е жива приказна за отпорот, храброста и љубовта кон градот“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој подвлече дека должноста на сегашните генерации е да го обноват и изградат градот со гордост, достоинство и солидарност, борејќи се против запоставеноста, нечистотијата и рамнодушноста. „Нашето оружје е трудот, знаењето и вербата дека Скопје може да биде подобро“, порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски нагласи дека паркот, улиците и крстосниците што се уредуваат се темелите на ново, зелено и безбедно Скопје, град кој служи на луѓето и инспирира обединување и солидарност.

„Да живее 13 Ноември, денот кога Скопје се дигна против фашизмот! Ништо не е посилно од човечката волја и љубовта кон својот град“, заклучи Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг