Connect with us

Свет

Што разговараа Трамп и Путин: Дали доаѓа крај на војната

Published

on

По едно и полчасовниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговарал и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Киев индипендент.

„Штотуку разговарав со претседателот на Украина, Володимир Зеленски“,напиша Трамп на Трут сошл. „Разговорот помина многу добро. Тој, како и претседателот Путин, сака да постигне МИР. Разговаравме за различни теми поврзани со војната, но најмногу за средбата што се одржува в петок во Минхен, каде што делегацијата ќе ја предводат потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. Се надевам дека резултатите од таа средба ќе бидат позитивни. Време е да се запре оваа бесмислена војна, каде што имаше масовни, и тотално непотребни СМРТ и УНИШТУВАЊЕ. Господ да го благослови народот на Русија и Украина!“

https://truthsocial.com/@realDonaldTrump/113992264519415084/embed„Само што разговарав со Доналд Трамп“, изјави Зеленски по разговорот. „Долг разговор. За можностите за постигнување мир. За нашата спремност да работиме заедно. За нашите технолошки способности, вклучувајќи беспилотни летала и друго модерно производство“.

„Украина сака мир повеќе од кој било друг. Ги дефинираме нашите заеднички чекори со Америка за да ја запреме руската агресија и да гарантираме сигурен, траен мир“, додаде тој.

Неколку часа претходно, Трамп оствари повик со рускиот претседател Владимир Путин, во кој се согласиле дека преговорите за ставање крај на војната во Украина ќе почнат „веднаш“.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, двајцата лидери разговарале 90 минути, а Путин го поканил Трамп во Москва.

Трамп додаде дека оформил тим, составен од државниот секретар Марко Рубио, директорот на ЦИА Џон Ретклиф и советникот за национална безбедност Мајкл Валц, да ги водат преговорите.

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и Рубио ќе се сретнат со Зеленски на 14 февруари за да започнат официјални мировни преговори, објави Трамп на Трут сошл.

Свет

Трагедија во Литванија: Пронајдени мртви четворицата исчезнати Американци – НАТО загрижен

Published

on

Дознавме дека четворица американски војници загинале во инцидент во Литванија. Во оваа фаза ги имаме само овие информации и не ги знаеме деталите. Ова е навистина застрашувачка вест и нашите мисли се со семејствата и најблиските на војниците, рече Марк Руте, генералниот секретар на Алијансата.

Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија загинаа, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Тој додаде дека се уште не знае детали за тоа што се случило со војниците.

Генералниот секретар, кој е во посета на Полска, рече дека неговите мисли во овој момент се со семејствата на четворицата војници и со САД.

– Дознавме дека четворица американски војници загинале во инцидент во Литванија. Во оваа фаза ги имаме само овие информации и не ги знаеме деталите. Ова е навистина застрашувачка вест и нашите мисли се со семејствата и најблиските на војниците – рече Руте.

Четворицата војници исчезнаа за време на воена вежба, а литванската војска и полиција, заедно со американски воен персонал, започнаа потрага по нив.

Амбасадата на САД во Литванија на мрежата Икс објави дека војниците исчезнале во тренинг област кај градот Пабраде во источна Литванија, во близина на границата со Белорусија.

Continue Reading

Свет

Кој има најголема армија во НАТО? Еве ги бројките за 2024!

Published

on

Според најновите податоци од НАТО и Statista, ова се бројките на активниот воен персонал во земјите-членки на Алијансата, како и во Русија и Украина.

Најголеми армии во НАТО:

• САД – 1,3 милиони војници

• Турција – 355.000 војници

• Франција – 200.000 војници

• Полска – 202.000 војници

• Обединетото Кралство – 184.000 војници

• Германија – 182.000 војници

• Италија – 166.000 војници

• Грција – 143.000 војници

• Шпанија – 133.000 војници

Русија и Украина:

• Русија – 1,5 милиони војници

• Украина – 880.000 војници

Исланд е единствената НАТО земја која нема постојана војска.

Овие бројки ја покажуваат воената моќ на Алијансата во однос на Русија и Украина во 2024 година.

Continue Reading

Свет

Трамп предлага прекинување на финансирањето за медиумските сервиси

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „многу би сакал“ да го прекине финансирањето на американскиот јавен радио сервис Ен-пи-ар (NPR) и јавната телевизија Пи-би-ес (PBS), кои ги обвинува дека се „многу пристрасни“.

-Ќе ми биде чест да ставам крај на тоа – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Американските јавни медиуми, со понизок рејтинг од нивните европски колеги, долго време се мета на клевети од конзервативците, кои ги обвинуваат дека се „премногу левичарски“.

-Сите тие пари се фрлаат… И тие имаат многу пристрасен став – рече републиканскиот претседател.

Во истото обраќање до медиумите, Трамп го нападна главниот уредник на магазинот „Атлантик“, Џефри Голдберг, кој во понеделникот откри недостатоци во воената безбедност.

Според веб-страницата на јавниот радиодифузен сервис Пи-би-ес, структурата што ги дистрибуира федералните субвенции има буџет од приближно 500 милиони долари годишно, што беше одобрено од Конгресот за време на гласањето за буџетот.

Таа структура, Корпорацијата за јавна радиодифузија, наведува дека дава „повеќе од 70 отсто“ од своите субвенции на бројни локални радио и телевизиски станици, кои пак ги откупуваат правата за реемитување програми произведени од националните структури, Ен-пи-ар и Пи-би-ес.

Националната структура на Ен-пи-ар од своја страна наведува дека добива „околу еден процент“ од директните федерални субвенции и живее главно од реклами и програми купени од локалните станици.

Ен-пи-ар проценува дека 41 милион Американци, од вкупно 340 милиони жители, ги слушаат неговите програми секоја недела. Пи-би-ес проценува дека 36 милиони луѓе гледаат локална телевизија на нејзината мрежа секој месец.

Администрацијата на Трамп неодамна одлучи да ја распушти владината агенција која ги надгледува радио станиците Глас на Америка (ВоА), Радио Слободна Азија и Радио Слободна Европа/Радио Либерти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк