Connect with us

Магазин

Струмичанец бил патријарх на Ерусалим во 12 век

Published

on

Во ова житие читаме дека Лав се родил во семејство на благочестиви христијани во Струмица. Кога научил да чита и да пишува почнал да ги проучува тајните на Светото писмо и во душата му се родила желбата да стане монах. По смртта на своите родители, заминал во некоја шума за да се подвизува. По извесно време отишол во Цариград во манастирот „Пресвета Богородица“ каде се замонашил.

За да го зајакне својот дух честопати излегувал по улиците на Цариград, правејќи се дека е луд. Мнозина го навредувале, па дури и го тепале, а тој го издржал сето тоа со големо смирение. По некое време во Цариград стигнал архиерејот од Тиверијада, кому Лав почнал да му служи. Потоа заедно заминале за Ерусалим. По смртта на тамошниот игумен, тој бил избран за нов игумен. За неговите особини набргу разбрал византискиот цар Манојло Комнен (1143 – 1180 год.) и по негова желба Лав бил избран за патријарх на Ерусалим. Но, тогаш со Ерусалим владееле Латините и тие не му дозволувале на овој православен патријарх да богослужи на Светиот господов гроб во храмот на Христовото Воскресение. Дури подготвувале и негово убиство. Заради тоа, по наредба на царот Манојло Комнен, свети Лав се вратил во Цариград, каде починал во 1190 година. Неговите мошти биле положени во храмот посветен на свети Архангел Михаил.

Во времето кога живеел свети Лав (12 век) Македонија била под византиска власт, но оваа држава била прилично ослабната од претходните навлегувања на крстоносците на Балканот, кои притоа ја пустошеле и Македонија. Тоа е време и кога богомилската ерес била прилично раширена во нашата земја. Но, свети Лав најмногу време поминал во Цариград, а видовме дека бил хиротонисан за Ерусалимски патријарх, но дека не можел слободно да седне на патријаршискиот престол затоа што Ерусалим тогаш се наоѓал под власта на Латините. Познато е дека Ерусалим бил освоен од Турците селџуци во 637 година. За време на Првата крстоносна војна, во 1099 година, Ерусалим паднал под власта на Французинот Годфри де Булоњ, кој бил главен војсководител на крстоносците. Муслиманите повторно го зазеле Ерусалим дури во 1187 година. Ова значи дека во времето, кога свети Лав бил назначен за Ерусалимски патријарх, и навистина со овој град владееле Латините (Французите). Тие, пак, секако дека предност давале на својата католичка вероисповед, па затоа не му дозволувале на свети Лав слободно да ја врши богослужбата поради што тој се вратил во Цариград. Три години пред смртта на свети Лав, Ерусалим бил повторно заземен од муслиманите.

Свети Лав е еден од ретките Македонци кои ја носеле титулата патријарх. Посебно важно е што тој бил патријарх токму во светиот град Ерусалим. Нашата наука треба да посвети поголемо внимание на овој наш познат сонародник, кој денес е признат како светител од православните цркви вклучително и од МПЦ и е познат под името Свети Лав втори ерусалимски, а неговиот празник е на 14 мај (стар стил), т.е. на 27 мај (нов стил).

Aлександар Донски

Извор: mkd.mk

Магазин

Дневен хороскоп за четврток – 27 март

Published

on

Овен

Денес ќе имате можност да се ослободите од стресот кој се натрупал во последните денови. Не се обидувајте да пополните слободното време со нови обврски. Наместо тоа, едноставно уживајте во мирот и опуштете се.

Бик

Вашите цели денес можеби ќе изгледаат нејасно, па не се обидувајте да прифаќате нови задачи или да се вклучувате во нешта што не ги разбирате. Бидете мирни и оставете ги за подоцна.

Близнаци

Денес е одличен ден за работа во тим. Иако можете да се снајдете сами, заштедувањето време и зголемувањето на позитивната енергија со помош на други луѓе е многу поволно за вас.

Рак

Денес избегнувајте искушенија да потрошите пари на нешто што не ви е потребно. Најдобро е да не излегувате од дома или да носите минимална количина пари со себе. Љубовта кон купувањето може да биде премногу силна, но запомнете дека понекогаш помалку е повеќе.

Лав

Не се вклучувајте во активностите на другите денес. Нивните намери можеби ќе изгледаат поволни, но на крајот може да се покажат како не толку корисни за вас. Чувајте се од евентуални разочарувања.

Девица

Денес ќе се чувствувате оптоварени со проблемите на другите и на светот. Иако вашата желба за помош е благородна, ова можеби не е вашата битка. Фокусирајте се на вашите лични обврски и не се оптоварувајте со туѓи проблеми.

Вага

Овој ден носи мала опасност од повреди, посебно во врска со повреди на прстите. Разбудете се добро и внимавајте на секој чекор, особено кога ќе се движите низ домот.

Шкорпија

Очекувајте изненадувања, подароци и можност за исполнување на стари желби. Не реагирајте претерано емоционално; прифатете ги подароците со благодарност и почит, без да се преоптоварувате со чувствата.

Стрелец

Денес, доволно е да го слушате здравиот разум. Многу идеи ќе ви поминат низ глава, но повеќето ќе бидат премногу амбициозни или неразумни. Пазете се од импулсивни одлуки.

Јарец

Денес може да бидете сведоци на непријатна ситуација со близок роднина. Не носете брзи судови, туку задржете ја својата оценка за себе. Некогаш е најмудро да останете со своето мислење и да не го споделувате премногу.

Водолија

Ова е одличен ден за купување подароци. Направете список и не се обидувајте да го направите цел свет среќен. Усмерете се на најблиските и подарете им нешто што ќе ги радува.

Риби

Обидете се да се вратите дома порано или да поминете вечерта со семејството на некое убаво место. Важно е да се наполните со позитивни емоции и да уживате во мирниот и топол амбиент.

Continue Reading

Магазин

Овие автомобилски брендови имаат најлојални (и најнелојални) купувачи во 2024!

Published

on

Според истражувањето на Consumer Reports за 2024 година, најлојалните купувачи се оние кои повторно би купиле автомобил од истата марка.

Топ 8 најлојални брендови:

1. Rivian – 86%

2. Mini – 77%

3. BMW – 76%

4. Porsche – 76%

5. Tesla – 74%

6. Genesis – 73%

7. Lexus – 73%

8. Subaru – 70%

Најмалку лојални брендови:

1. Cadillac – 61%

2. Chrysler – 60%

3. Mercedes-Benz – 59%

4. Audi – 59%

5. Jeep – 58%

6. Nissan – 55%

7. Volkswagen – 51%

8. Infiniti – 43%

Истражувањето се базира на анкетата за задоволство на над 330.000 сопственици на автомобили.

Извор: Consumer Reports (2024)

Continue Reading

Магазин

Македонија меѓу земјите со најголем напредок во демократијата во 2024

Published

on

Според Индексот на демократија за 2024 година на Economist Intelligence Unit, најголем пораст на демократијата е забележан во следните земји:

1. Либија – пораст од 0.53 поени (од 1.78 на 2.31)

2. Сенегал – пораст од 0.45 поени (од 5.48 на 5.93)

3. Португалија – пораст од 0.34 поени (од 7.75 на 8.08)

4. Латвија – пораст од 0.28 поени (од 7.38 на 7.66)

5. Литванија – пораст од 0.28 поени (од 7.31 на 7.59)

6. Македонија – пораст од 0.25 поени (од 6.03 на 6.28)

7. Демократска Република Конго (ДР Конго) – пораст од 0.24 поени (од 1.68 на 1.92)

8. Јордан – пораст од 0.24 поени (од 3.04 на 3.28)

9. Чад – пораст од 0.22 поени (од 1.67 на 1.89)

10. Полска – пораст од 0.21 поени (од 7.18 на 7.40)

Извор: Economist Intelligence Unit – Democracy Index 2024

Дизајн: Visual Capitalist (Voronoi)

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк