Connect with us

Црна Хроника

Уапсени двајца тетовци – краделе алат и машини од куќи и плацеви

Published

on

policija

На 12.02.2025 во 14.00 часот, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Џ.(23) од с.Желино, тетовско и А.А.(47) од Тетово. При претреси во нивните домови и помошни простории во с.Желино, Тетово и во с.Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино. 

Предметите биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени  соодветни поднесоци.

Црна Хроника

Тешко е повредена жена, ја прегазил возач со „Опел“

Published

on

brza pomos

65-годишна жена вчера е прегазена од автомобил во Битола кој го возел 44-годишен битолчанец, соопшти МВР.

„На 25.03.2025 во 12.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Маврово“ и ул.„Цар Самоил“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(44) од Битола, удрило во пешакот С.С.(65) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола“, пишува во полицискиот билтен.

Continue Reading

Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Двајца Македонци загинаа во Италија – познат нивниот идентитет (ФОТО)

Published

on

Бајрам Бајрамоски, од село Жировница, 53 години и неговиот пријател Фуат Етемовски (65) години загинаа во Италија, објави Шило Магазин.

Синоќа, 25 март, тие после напорната работа се враќале во нивниот дом во областа Тревизо кога се случила трагедијата во близина на Боскалто ди Лореџија.

Според првичните информаци од медиумите во Италија со комбето кое управувале во близина на Боскалто ди Лорегија, директно се судрило во камион.

Во возилото се наоѓале тројцата станари, двајца Македонци и Босанец, од повредите на ударот лекар на итната медицинска помош кај двајцата Македонци констатирал смрт.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведен насилник кој во живо на ТикТок тепал бремена жена

Published

on

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како маж физички напаѓа бремена жена во живо на ТикТок. Од МВР потврдија дека насилникот е експресно приведен и однесен во полициска станица.

Видеото брзо се прошири на интернет, а според извори, насилникот не само што ја малтретирал бремената жена, туку и нејзините деца. Исто така, се споделуваат и други видеа на кои тој ја малтретира истата жена.

Дополнително, дознаваме дека против него веќе се води активен судски спор бидејќи претходно бил пријавен за насилство врз друга жена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк