Sunday, February 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ова е најлошото време за ручек доколку сакате да изгубите вишок килограми

by Уредник
15.02.2025
in Uncategorized
Ова е најлошото време за ручек доколку сакате да изгубите вишок килограми

Дали обилниот ручек е најважниот оброк во денот? Доколку ги прашате најпознатите светски нутриционисти, најверојатно ќе добиете позитивен одговор.

Една нутриционистка вели дека не е пресуден само изборот на намирници за ручек, туку и времето кога ги конзумираме, што би можело да има значајно влијание на процесот на слабеење.

Според нутриционистката Лена Баковиќ, идеално време за ручек е отприлика четири до чет часа после појадокот.

“Доколку некој се буди во седум часот и јаде хранлив појадок во осум часот, веројатно ќе почувствува глад четири до пет часа подоцна, помеѓу 12 и 13 часот”, објаснува Лена.

Додала и дека доцниот ручек може да ја отежне работата на желудникот во процесот на варење на храната, што може да резултира со прескокнување на вечерата или често посегнување за грицки пред спиење.

Шпанските научници открија дека доцниот ручек ја намалува потрошувачката на калории во состојба на мирување во однос на оброк околу 13 часот. Според истражувањето објавено во Nutrients, лицата кои ручале во 16:30 имале нестабилно ниво на шеќер во крвта и бавна преработка на јаглехидратите во енергија.

Поранешните истражувања исто така покажуваат дека долготрајното гладување може да предизвика ненадеен скок на шеќерот во крвта при следниот оброк, посебно доколку е богат со јаглехидрати.

Нутриционистката за Real Simple истакнува дека прераниот ручек може да го зголеми чувството на глад подоцна во денот, водејќи до лош избор на храна.

“Доцниот ручек близу вечерата може да предизвика прескокнување на вечерата и да ја зголеми желбата за нездрави грицки пред спиење”, предупредува.

Нередовните оброци можат да го пореметат циркадијалниот ритам, клучен за рамнотежата на организмот.

“Како што е важно редовното време на спиење, истото важи и за оброците”, додава таа.

Next Post
Американец собори светски рекорд стар 21 година

Американец собори светски рекорд стар 21 година

Битолчанец со нож расекол двајца колеги на автобуска постојка, се враќале од работа од приватна фабрика во Битола

Препорачани Вести

Приведен возач во Штип, управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач во Штип, управувал возило под дејство на алкохол

5 months ago

Орбан: Сè уште не е познато дали пожарот во рафинеријата бил несреќа или напад

3 months ago

Популарни Вести

  • Коњановски со ловците од Битола на заедничка дружба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малолетник со тешки повреди завршил на Клинички центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на повеќе локации во Скопје – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАЈНО ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 40-ИНА ЛИЦА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ГРЦИТЕ ИЗНУДИЛЕ УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.