Connect with us

Спорт

Лука Дончиќ со изјава за Леброн Џејмс: Ми го даде најбратскиот совет

“Ми го даде најбратскиот совет, да бидам свој на паркетот”.

Словенечката ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ја започна својата етапа во дресот на „езерцата“, а додека разговараше со новинарката на „Си Би Ес“, откри и каков совет добил од Леброн Џејмс пред неговиот дебитантски настап.

Дончиќ се врати од повреда и веќе одигра два натпревари, а славниот „Крал“ Џејмс му сугерирал да не обрнува внимание на ништо и само да биде свој на паркетот.

„Леброн ми е како постар брат, веднаш ми даде огромна поддршка. Ми рече да бидам свој и да не се обидувам да измислувам нешто ново, туку само да ја играм мојата игра.

Се надевам дека наскоро ќе бидам целосно фит и ќе придонесам со одлични партии за екипата. Ќе одиме чекор по чекор кон нашата цел“, изјави Дончиќ.

Лос Анџелес Лејкерс со Дончиќ во тимот забележаа една победа и еден пораз. Словенецот на првиот меч запиша 16 поени, додека на вториот дуел со Јута постигна два помалку.

Advertisement

Спорт

Омерагиќ: Нови комплети и 230 топки за развој на женскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија обезбеди нова спортска опрема и вкупно 230 фудбалски топки за 23 клуба кои се натпреваруваат во сите возрасни категории во женска конкуренција, информира претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

– На секој клуб му доделивме комплети за тренинг со цел да создадеме уште подобри услови за работа и напредок на младите фудбалерки низ целата држава – рече Омерагиќ.

Тој додаде дека со оваа поддршка ФФМ дава поттик за развојот на женскиот фудбал и ја потврдува својата заложба за унапредување на спортската инфраструктура и условите за тренинг на сите клубови.

Continue Reading

Спорт

Марко Митев се врати на терените

По повеќемесечна пауза поради повреда во репрезентативниот дрес на гостувањето кај Словенија, Марко Митев денеска се врати на ракометните терени. Тој настапува во дресот на Алкалоид во натпреварот против Струга во домашното првенство.

Митев е еден од најдобрите македонски ракометари, а неговото враќање е значајна вест и за македонската репрезентација, која се подготвува за настап на Европското првенство во Данска.

Continue Reading

Спорт

Елмас стартер, Наполи без реализација – реми против Ајнтрахт во Неапол

Наполи не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра 0:0 против Ајнтрахт Франкфурт во натпревар од новото коло на Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше дел од стартниот состав и одигра цел натпревар, покажувајќи високо ниво на борбеност и ангажман на средината од теренот. Иако италијанскиот тим имаше иницијатива и создаде повеќе изгледни шанси, реализацијата овојпат целосно затаи.

Сите офанзивци на Наполи се обидуваа да го пробијат германскиот бедем, но гостите од Франкфурт успешно одолеаја до последниот свиреж. Со овој реми, Наполи пропушти прилика да се приближи кон пласман во нокаут-фазата.

Во друг натпревар од групата, Арсенал славеше убедливо на гостувањето кај Славија Прага со 0:3. Букајо Сака погоди од пенал во 32. минута, а Мерино со два гола во второто полувреме го запечати триумфот на „топџиите“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг