Connect with us

Технологија

Продолжува драмата помеѓу Маск и ChatGPT: “Ја повлекувам понудата под еден услов”

Published

on

Што ќе се случи со најкористениот модел на вештачка интелигенција во светот?

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск, изјави дека ја повлекува понудата за превземање на непрофитната компанија Open AI за 97,4 милијарди долари, но под еден услов.

Маск изјавил дека ќе ја повлече понудата доколку управниот одбор на калифорниската фирма “ја зачува мисијата за добротворна организација” и се сопре трансформацијата во копорација ориентирана само кон профит.

Во денешниот извештај на американскиот суд во Калифорнија, се наведува дека понудата на Маск да ја купи непрофитабилната организација е сериозно, но дека е спремен да се откаже во случај фирмата и понатаму да сака да ја сочува својата првобитна непрофитабилна стратегија.

Калифорниската компанија за развој на вештачка интелигенција Open AI е основана во 2015 како непрофитабилна организација, а Маск беше еден од нејзините основачи.

Фирмата во 2019 година, после заминувањето на Маск креираше помали одделение за ограничен профит, но непрофитабилното оделение Open AI и понатаму е единствениот контролен акциониер во целата групација.

Open AI во моментов е во процес на реструктурализација во традиционална компнија ориентирана на профит, а Маск, според зборовите на властите, сака да го сопре целиот процес за кој смета дека е предавство на првобитните принципи.

“Ја дизајниравме структурата во Open AI така што ќе можеме да изградиме општа вештачка интелигенција која е безбедна и корисна за целото човештво” се наведува на веб страницата на компанијата.

Фирмата нагласува дека од почетокот било јасно дека проектот ќе бара огромен капитал и дека наскоро се покажало дека донациите нема да бидат доволни, така што се најави основање на профитна организација која би ги следела првобитните цели.

Технологија

„Тесла“ симната од тронот – Кинескиот гигант „BYD“ ја презеде доминацијата во електричните возила!

Published

on

Кинескиот производител на електрични возила „BYD“ ја надмина „Тесла“ во годишните приходи минатата година, што претставува значаен момент за овој глобален пазар.

Компанијата од Шенжен пријавила зголемување на приходите за 29%, кои изнесуваат 777 милијарди јуани (107 милијарди долари), надминувајќи ги приходите на „Тесла“ од 97,7 милијарди.

Брзиот раст на „BYD“ се должи на големата продажба на нејзините хибридни возила. Иако двете компании продале речиси ист број електрични автомобили во 2024 („BYD“ – 1,76 милиони, „Тесла“ – 1,79 милиони), Кинезите испорачале вкупно 4,3 милиони возила кога ќе се додадат и хибридните модели.

Во обид дополнително да ја предизвика „Тесла“, „BYD“ пред неколку дена лансираше нов, подостапен електричен автомобил (qin L), чија цена е 16.500 долари, со што е значително поевтин од „модел 3“ на „Тесла“, кој чини над 32.000 долари во Кина.

„BYD“ вложува и во технолошкиот напредок, па минатата недела претстави нова технологија за полнење батерии, која овозможува целосно полнење на автомобилот за само пет минути.

Continue Reading

Технологија

Шефот на Инстаграм убеден: Оваа функција ќе ја подобри апликацијата

Published

on

Адам Мосери е убеден дека додавањето на оваа функција би можело да го подобри Instagram.

За време на неодамнешниот AMA (ask me anything/прашај ме било што) настан со корисниците, шефот на Instagram, Адам Мосери, сподели што смета дека популарната апликација треба да добие.

Според него, Instagram треба да имплементира мала, но важна функција која веќе ја имаат неговите конкуренти како што се TikTok и YouTube – слика во слика, односно picture-in-picture (PIP).

Тоа значи дека корисниците на Instagram наскоро би можеле да имаат можност да извршуваат повеќе активности на своите уреди додека истовремено гледаат Reels и друг содржина на апликацијата.

Покрај тоа, Instagram работи на подобрување на функцијата за пребарување оваа година, што вклучува и можност за пребарување содржина, а не само профили.

Continue Reading

Технологија

WhatsApp ја подготвува функцијата која милиони корисници ја чекаат со години

Published

on

WhatsApp наскоро воведува голема промена која ќе го промени начинот на кој ги следиме разговорите во апликацијата. Најновата бета верзија на популарната платформа ни откри функција која ќе ни ја олесни навигацијата во преполните групни четови и долги разговори.

Како што корисниците долго бараа подобри начини за следење на разговорите, WhatsApp конечно работи на решение. Според WABetaInfo, апликацијата развива систем за групирање пораки во нити. Овие нити ќе овозможат сите одговори на одредена порака да бидат прикажани на едно место, наместо да бидат расфрлани низ целата историја на разговорот.

Новата функција која се тестира во Android бета верзијата 2.25.7.7 ќе создаде линк помеѓу оригиналната порака и сите одговори на неа. Наместо одговорите да бидат измешани, тие ќе бидат уредно организирани во нити. Оваа функција ќе биде особено корисна во групните четови каде често се мешаат повеќе разговори.

Корисниците ќе можат да кликнат на било која цитирана порака за да го видат целиот разговор поврзан со неа. Оваа функција ќе биде корисна за оние кои организираат настани со големи групи или често користат функција за пребарување стари пораки.

Иако сè уште нема информации кога ќе биде достапна за сите, оваа промена претставува значителен напредок во подобрување на корисничкото искуство на WhatsApp.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк