Connect with us

Република

Делегација од Општина Битола во посета на збратимениот град Херцег Нови

Published

on

Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, викендов присуствуваше на отворањето на 56 издание на Празникот на мимозите во збратимениот град на Битола, Херцег Нови. За време на посетата на оваа популарна туристичко забавна манифестација, на која присуствуваа и голем број битолчани, градоначалникот Коњановски, оствари повеќе протоколарни средби на кои се разговараше за долгогодишната соработка помеѓу Битола и Херцег Нови, како и за можностите за понатамошно зајакнување и унапредување, пред се на културната соработка.

Градоначалникот Коњановски, на оваа тема разговараше и со Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, потпретседателот на Владата задолжен за безбедност, одбрана, борба против криминалот и внатрешната политика Алекс Бечиќ, министерката за култура и медиуми, Тамара Вујовиќ, амбасадорот на Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ и претседателот на Општина Херцег Нови, Стеван Катиќ.

На отворањето на Празникот на мимозите во Херцег Нови, присуствуваа и голем број претставници на дипломатскиот кор и други гости од збратимените градови на градот домаќин.

Во интервјуто за Радио телевизија Црна Гора, градоначалникот Коњановски нагласи дека Битола и Херцег Нови имаат официјална соработка од 1976 година, која беше обновена во 2019 година, а последните години истата се повеќе се интензивира со реализација на повеќе настани и активности на кои не присуствуваат само официјални делегации, туку и граѓани од двата градови.

Голема е одговорноста да се пренесе и зачува традицијата, прекрасно е чувството и задоволството кога доаѓаме овде каде што толку многу луѓе не пречекуваат со толку насмевки“, изјави првата мажоретка на Градската музика на Херцег Нови, Тара Рашковиќ, за време на отворањето на оваа манифестација, за која претседателот на Општина Херцег Нови истакна дека, значително влијае на промоција на градот, освојувајќи го туристичкиот пазар.

„Темелите на традиционалната манифестација ги поставија нашите претходници и сите заедно работиме фестивалот да биде што поквалитетен, да биде во чекор со времето, а сепак да останеме верни на народните веселби. Бербата на мимозите на која присуствуваме денес, маскенбалот, карневалот, забавните и спортските настани се оние околу кои организираме други програми за да му овозможиме на секој посетител да најде нешто интересно“, рече Катиќ.

Организатори на Фестивалот на мимозите се општина Херцег Нови, Туристичкиот одбор Херцег Нови – Туристичка организација Херцег Нови и ЈУК Херцег Фест.

Република

ЈП “Комуналец“ Битола со пролетна акција, собрани 400 “кубици“ отпад од мали градски депонии

Published

on

Во текот на изминатата недела покрај редовните активности Јавното претријатие “Комуналец“ вршеше расчистување на мини депонии на повеќе локации.

Дел од малит диви депонии кои беа расчистени беа во близина на црквата “40 Маченици“ – Кркардаш, на улица “Македонски Гемиџии“, во населба “Ушици“ над населбата “Стрелиште“…

Во текот на акцијата беше собран над 400 метри кубни отпад кој потоа беше депониран во депонијата во село Мегленци.

Continue Reading

Република

Коњановски: Безбедноста на граѓаните е приоритет број еден

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на денешниот состанок на Управниот одбор на ЗЕЛС, каде што заедно со градоначалници од поголемите општини во државата разговараше за резултатите од вонредните инспекции на објектите од јавен карактер.

„Како општина ќе продолжиме со инспекциите и во наредниот период, не само на јавните објекти, туку и на станбените згради. Ќе направиме сè што е потребно за да ги подигнеме безбедносните стандарди на највисоко можно ниво,“ истакна Коњановски.

Дополнително, тој нагласи дека недостатоците кои ќе бидат утврдени кај приватниот сектор исто така ќе бидат отстранети, бидејќи безбедноста на граѓаните нема компромис.

Инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, а Општина Битола останува посветена на создавање сигурна и безбедна средина за сите.

Continue Reading

Република

Најава за прекин на струја во Тетово на 25 март

Published

on

evn

На 25 март 2025 година, во периодот од 09:00 до 11:00 часот, ќе има планиран прекин на електричната енергија во дел од улицата Страшо Пинџур во Тетово.

Овој прекин е дел од редовните активности за одржување на електродистрибутивната мрежа. Надлежните служби апелираат до граѓаните за разбирање и навремено прилагодување на нивните обврски.

Дополнително, се регистрира и непланиран прекин во Боговиње, при што повеќе информации за времетраењето не се наведени.

За повеќе детали, граѓаните можат да се обратат до електродистрибутивните компании или да ги следат официјалните известувања.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк