Connect with us

Скопје

ПАЃА СНЕГ ВО СКОПЈЕ Снежи и во останатите делови од земјата

Published

on

Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе снежи, а температурата ќе достигне до 6 степени.

Во Скопје утрово  паѓа снег кој веќе почна да ја прави и снежна покривка од околу 2 сантиметри и не предизвикува проблеми во сообраќајот. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе снежи, а температурата ќе достигне до 6 степени.

Снег паѓа и во останатите делови од земјава.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 29 сантиметри на Попова Шапка, 7 во  Маврови Анови и 1 сантиметар во Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоки места и на планините. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб локален снег ќе има и во текот на ноќта особено во планинските региони.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Скопје

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку делови од Скопје – проверете каде ќе нема струја

Published

on

Прекини во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации денеска

Од компанијата ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, 14 јули, ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации низ Скопје и околината, поради технички зафати во мрежата.

Прекини се најавени за следните подрачја:

Од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците во селата Патишка Река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викенд населбата Држилово, Краст Јаболце, како и ХПП Патишка Река, во општина Студеничани.

Од 09:00 до 12:00 часот, прекин ќе има за дел од корисниците на улицата Метохиска, во општина Шуто Оризари.

Од 09:00 до 14:00 часот, без напојување ќе бидат дел од корисниците во село Бардовци и викенд населбата во тој регион, општина Карпош.

Од ЕВН апелираат граѓаните да имаат разбирање за привремените прекини и да ги преземат потребните мерки за заштита на електричните уреди.

Continue Reading

Скопје

Голем пожар во Злокуќани – зафатени повеќе куќи, тешко пристапен терен ја отежнува интервенцијата

Published

on

Голем пожар избувна вечерва во скопската населба Злокуќани, каде, според првичните информации, се зафатени неколку куќи. Огнените јазици брзо се прошириле поради тешко пристапниот терен и тесните улици, што значително ја отежнува работата на противпожарните екипи.

Пожарот бил пријавен вечерва во 20:02 часот преку системот Е-112, а локацијата е на ул. Скупи во општина Карпош. Веднаш по дојавата, од МВР преку Дежурно-оперативниот центар на ЦУК било побарано исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје.

„Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи“, информираат од Центарот за управување со кризи.

На лице место се наоѓаат и екипи на Брза помош, но засега нема информации за повредени лица. Густ чад се шири низ населбата, а се гледа и од поширокиот дел на општина Карпош.

Противпожарните екипи и натаму се борат со огнената стихија. Очекувања се дека гаснењето ќе трае со часови, поради специфичноста на теренот и ширењето на пожарот.

ИЗВОР: СКОПЈЕ1

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски од Карпош: Заедно ќе го вратиме достоинството на Скопје!

Published

on

Орце Ѓорѓиевски, денеска беше во посета на општина Карпош, каде заедно со пратеникот Тони Јаревски оствари повеќе средби со граѓаните.

„Прекрасен ден во Карпош! Одличен прием и уште посилна енергија за голема и убедлива победа,“ изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека најголемата чест е да се работи за својот народ и да се биде меѓу луѓето.

Тој ја истакна запуштеноста и нефункционалноста на градот, нагласувајќи дека целта е Скопје повторно да стане град што се грижи за граѓаните и „дише со своите луѓе“.

„Имаме концепт – за три месеци целосно функционален град. Ни треба организација, работа, присутност – и тоа го носиме со нас,“ порача Ѓорѓиевски.

Во обраќањето, тој нагласи дека ќе даде сè од себе Карпош да стане уште поубаво место за живеење, додавајќи дека секогаш ќе биде присутен меѓу граѓаните и подготвен да ги слушне нивните проблеми.

„Мозаикот ќе биде целосен само ако Карпош победи масовно,“ потенцираше Ѓорѓиевски, додавајќи дека ќе има силна поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски.

„Да направиме отворен град, достапен за сите. За Карпош, за Скопје, за нашата иднина – одиме храбро!“, порача Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг