МВР ги продолжува засилените контроли: Вчера напишани повеќе од 500 казни, еве за што најмногу се казнувало

Засилено полициско присуство во Скопје, серија апсења, ова се деталите

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден на 796 учесници во сообраќајот им издале платни налози, а наплатени биле 500 казни за прекршоци во сообраќајот.

Дури 145 од овие случаи биле за непочитување на пропишаната брзина на движење.

Полициските службеници откриле и 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, а во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи.

Регистрирани се и четири случаи во кои возачите поминале на црвено светло а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила.

Во однос на прекршоците по основ на говорење на мобилен телефон при возење, евидентирани биле 31 прекршок.