Најмалку 59 починаа, 38 на интензивна нега – масовно труење со алкохол во Турција

Најмалку 59 луѓе починаа, а 38 се наоѓаат на интензивна нега во болници во Анкара по консумирање на алкохол кој бил произведен во дестилерии без дозвола.

Врховното јавно обвинителство во Анкара отвори истрага и уапси 28 луѓе од кои 25 се пуштени на слобода со судски надзор, пренесува „Хуриет“.

Тие се сомничат за криумчарење на алкохол и „предизвикување на смрт со можна намера“.