вторник, февруари 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Муцунски: Нашата надворешна политика е усогласена со НАТО, ЕУ и стратешкото партнерство со САД

by Уредник
04.03.2025
in Некатегоризирано

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, попладнево на заедничката прес-конференија со неговиот колега Сијарто, изјави дека секој што мисли дека може да се најде решение за војна и конфликт со гео-стратешки импликации без учество на Соединетите Американски Држави има несериозен и неискрен пристап кон конфликтот.

Тој во одговор на новинарско прашање каква е нашата позиција во однос на тоа дека единствен начин да се стави мирен крај на војната во Украина се разговорите меѓу Америка и Русија, Муцунски посочи на Резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на Обединетите Нации која повикува на мир.

– Во последните години сите зборуваме за почитување на меѓународното право и неговите принципи. Сега имаме правно-обврзувачка резолуција да бараме мир. Секој што мисли дека изнаоѓање на решение на таков тип на војна и конфликт, со такви гео-стратешки импликации, секој што мисли дека тоа може да се оствари без Соединетите Американски Држави, има несериозен и неискрен пристап кон овој конфликт, рече Муцунски на заедничката прес-конференција во Будимпешта со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Муцунски нагласи дека надворешната политика на земјава се базира на три константи: полноправно членство во НАТО, усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и стратешко партнерство со САД. 

– Нашата надворешна политика како држава има три константи – нашето полноправно членство во НАТО и да останеме кредибилен партнер во НАТО, нашата 100 процентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и сме целосно усогласени со ЗНБП на ЕУ, и нашето стратешко партнерство со САД. Пред сѐ и над сѐ во тој контекст е македонскиот национален интерес, и затоа повторувам дека сето ова што го правиме, сите одлуки што ги носиме се вклопени во таа рамка и се усогласени со нашите национални интереси, нагласи Муцунски. 

Рече дека секоја одлука што ќе ја носиме ќе биде во рамките на овие три постулати земајќи го предвид нашиот национален интерес, во консултација со сите наши клучни стратешки партнери.

Next Post

Ахмети: Ако е засегнат Законот за јазици и нема да има локални избори

ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ ПЕНЗИИТЕ: Се активираат мерки за штедење во Австрија

Препорачани Вести

Според астрологијата, овие хороскопски знаци имаат најдолг животен век

Според астрологијата, овие хороскопски знаци имаат најдолг животен век

10 месеци ago

САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Државно земјиште претворено во приватен узурпација – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција на Шумската полиција во Прилеп – Ова се деталите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на граничниот премин Деве Баир – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позајмил кола од братучед, па ја продал за 4.500 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец со апсурдна казна: Камерата „улови“ погрешно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.