понеделник, февруари 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски за најавите за бојкот на локалните: Секој има право да делува како сака

by Уредник
05.03.2025
in Некатегоризирано

Голем дел од меѓународната заедница е разочарана од реториката на ДУИ за мешање во правосудниот систем, изјави премиерот Христијан Мицкоски, за заканите од Мала Речица за Законот за јазиците и другите етнички теми.

Откако Ахмети и Османи јавно порачаа дека локалните избори нема да се одржат и ќе има длабока политичка криза, премиерот им одговори дека такви услови не може да испорачуваат и политика не се води на тој начин, туку на маса. За евентуалниот бојкот од ДУИ, Мицкоски рече дека секој има право на избор како ќе делува.

„ Утрово разговарав со министерот Тимчо Муцунски којшто разговарал со голем дел со претставниците од меѓународната заедница во и надвор од државата. Ова кај нив предизвикало многу негативни емоции и големо разочарување бидејќи еден од основните постулати е немешање во правниот поредок на една демократска суверена држава. А сега нешто лично, порака до ДУИ: Човекот кој преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик, има најмалку кредибилитет да зборува, затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ниту својот мајчин албански јазик. “ – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот зборуваше и за дводневната посета на Будимпешта, која ја оцени како продуктивна и економски значајна. На новинарско прашање одговори дека таму не се сретнал со поранешниот премиер Груевски, но тврди дека за разлика од него луѓе од СДСМ и ДУИ имале средби за што постоеле и докази.

„ Не се сретнав, но доколку би се сретнал ќе бидете информирани затоа што јас водам политика на принципот вистината е најточна. Верувајте секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам, бидејќи нема што да кријам, совеста ми е чиста. Но, исто така можам да потврдам, многу скоро и со докази дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ, се среќавале во Будимпешта со господинот Никола Груевски. “ – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на интерпелациите на петтемина членови на Судски совет кои се ставени на собраниска седница во вторник, премиерот очекува да бидат изгласани, бидејќи како што рече, поединци судии и обвинители се последниот штит на поранешната владина коалиција.

Next Post

САД го прекина протокот на информации во Украина

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 05.03.2025

Препорачани Вести

Нападнал полицаец – полицијата со брза реакција го совладала

8 месеци ago

Министерството за животна средина ќе продолжи со испитување на депонијата во ОХИС – Целта е точно да се проценат трошоците за чистење

12 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Базен во Пакистан: матна вода, гужва и капење само за мажибазен во пакистан стана вирален: матна вода, гужва и капење само за мажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рускиот град Белгород во целосен мрак по Украинскиот напад врз критичната инфраструктура – погодена е голема Термоелектрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НА 17 ФЕВРУАРИ ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО – РЕДОК НЕБЕСЕН ФЕНОМЕН ВИДЛИВ И ОД МАКЕДОНИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Симболот за богатство “златото” сепак не е најскапото нешто – Прочитајте кои се најскапите супстанции во светот по грам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 170 Украински камиказа дронови соборени во Брјанск: Нападната руската енергетската инфраструктура, прекини на струја и греење во Белгород

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.