Connect with us

Свет

Македонецот Дане Котески е убиен во Америка, запалена е неговата фирма – семејството бара помош

Published

on

Македонец сопственик на компанија е пронајден починат, а неговата фирма била запалена во средата попладне во Крествуд во американската држава Илиноис. Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен во Холанд.

„Кратко по 16 часот во средата, полицијата и пожарникарите на Крествуд одговорија на повикот за силен чад во компанијата „ATG Truckload“. Починатиот сопственик на компанијата е идентификуван како 48-годишниот Дане Котески, кој на веб-страницата на транспортната компанија е наведен како претседател и извршен директор“, пренесоа некои американски медиуми.

Пожарникарите на Крествуд брзо го изгаснале малиот пожар, кога на вториот кат од зградата, сред густ чад, било пронајдено тело на маж. Полицијата во Крествуд и Единицата за тешки злосторства во јужните предградија веднаш започнала истрага. На местото на настанот пристигнал и Државниот противпожарен инспектор од Илиноис за да започне истрага за подметнувањето пожар

„Во текот на следните неколку часа, инспекторите собраа и следеа бројни траги. Осомничениот е идентификуван. Утврдено е дека станува збор за возач кој работел кај починатиот сопственик на фирмата“, соопштуваат од полицијата.

Полицијата го карактеризира ова злосторството како „изолиран инцидент, насочен само кон жртвата“.

Осомничениот на крајот бил лоциран на постојка за камиони во Холанд, на околу 145 милји од Крествуд. Полицијата соопшти дека Единицата за тешки злосторства ја известила полицијата на Холанд, која го привела осомничениот околу 5:15 часот по централно време.

Се чекаат резултатите од обдукцијата. Полицијата и Единицата за тешки злосторства, во соработка со обвинителството, ја продолжуваат истрагата додека работат на екстрадиција на осомничениот назад во Илиноис.

За помош на семејството на починатиот Котески, започна хуманитарна кампања преку платформата GoFundMe. Секој што сака да помогне може да донира средства, а секоја помош ќе биде од големо значење за семејството во овие тешки моменти.

Свет

Мелбурн во знак на почит за жртвите од пожарот во Кочани

Published

on

Плоштадот на Федерацијата во центарот на Мелбурн синоќа беше обоен во жолто и црвено, како знак на почит кон жртвите од разорниот пожар во Кочани. Овој гест на солидарност од австралиската македонска заедница испраќа силна порака на поддршка и сочувство кон настраданите и нивните семејства.

Continue Reading

Свет

Заврши телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Зеленски: Американскиот претседател откри детали

Published

on

Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објави американскиот претседател на неговата социјална мрежа „Truth Social“, пренесува Би-Би-Си.

Трамп го опиша повикот како „многу добар“, додавајќи дека траел околу еден час.

„Голем дел од разговорот беше посветен на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин, со цел да се усогласат барањата и потребите на Русија и Украина“, напиша Трамп.

„Ние сме на добар пат“, додаде тој.

Трамп исто така изјави дека побарал од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц „да дадат прецизен преглед на темите што се дискутирале“.

Тој најави дека ќе следува дополнителна изјава „наскоро“.

Continue Reading

Свет

Американците бараат помош од Европа

Published

on

САД поради птичјиот грип уништиле повеќе од 170 милиони кокошки, што довело до недостиг на јајца. Затоа, Американците сега контактираат со Европјаните, па и со Германците, барајќи кокошкини јајца.

„Примивме барање од САД“, потврдил портпаролот на германската асоцијација на производители на живина. Тој, сепак, не дал повеќе детали.

Јајцата во САД станаа дефицитарни и драматично поскапеа поради епидемиолошките мерки. Минатата недела, медиумите во неколку европски земји, вклучувајќи ги Данска и Шведска, известија дека американските власти контактираат со нивните производители барајќи да го зголемат извозот, пренесува dpa.

Претседателот на германската асоцијација, Ханс-Петер Голдник, претходно изјавил дека САД преку берзата директно увезле одредена количина кокоши јајца.

Сепак, Германија не може многу да помогне, бидејќи и самата нема доволно. Во 2023 година, домашното производство покрило 73 проценти од потрошувачката, додека остатокот бил увезен.

Американската администрација засега не потврдила дека се распитува за увоз на кокошкини јајца од Европа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк