Connect with us

Европа

Украина ги пушти во акција француските Миражи – прв судир со руските напади!

Published

on

Претходно францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави дека првите француски ловци Мираж пристигнале во Украина.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека користеле борбени авиони Мираж-2000, донирани од Франција, првпат за одбивање руски напад.

„Вклучени се и борбени авиони, особено авионите Ф-16 и Мираж-2000. Вреди да се напомене дека француските ловци, кои пристигнаа во Украина пред само еден месец, првпат учествуваа во одбивањето на нападот“, се вели во соопштението на воздухопловните сили објавено на Телеграм, пренесоа украинските медиуми.

Претходно францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави дека првите француски ловци Мираж пристигнале во Украина.

Европа

Мицкоски: Намалена трговската нерамнотежа, извозот конечно со позитивна стапка

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција изјави дека трговскиот дефицит на Македонија е значително намален, а извозот конечно бележи позитивна стапка. Според него, разликата меѓу извозот и увозот е намалена трипати во споредба со претходните квартали.

– Ако се вратите неколку квартали наназад и ако се направи анализа, ќе се види дека трипати е намалена таа разлика помеѓу извозот и увозот и конечно извозот бележи позитивна стапка – истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека стабилизацијата на извозот доаѓа и покрај предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија, која има силно влијание врз македонската економија. Затоа, Владата, како што рече, почнала процес на диверзификација на економското портфолио, со фокус на други индустрии.

– Почнуваме практично да правиме дивергирање на портфолиото во некои други области. Има огромен напредок ако се споредува со кварталите од пред една година – изјави премиерот.

Мицкоски посочи и на позитивните трендови кај индустриското и преработувачкото производство, како и на намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места во последните два квартали.

Според него, растот на Бруто домашниот производ (БДП) меѓу три и четири проценти не е доволен за суштински напредок, и изрази надеж дека ќе се постигне повисок раст меѓу четири и шест проценти на подолг рок.

– Нашата економија не зависи само од домашните перформанси, туку многу и од надворешните. Имајќи го предвид растот на ЕУ, нашите резултати се исклучок, а не правило – подвлече Мицкоски.

Continue Reading

Европа

Мал авион се урна врз куќа во Германија – загинаа две лица, меѓу нив и пилотот

Published

on

Мал авион се урна врз куќа во саботата наутро во местото Коршенбројх, Германија, при што загинаа две лица, меѓу кои и пилотот, јавува германскиот Bild.

Според првичните информации, леталото паднало во предниот двор на куќата, при што ја закачило фасадата и предизвикало пожар. Пилотот, наводно, за време на летот пријавил проблеми со моторот.

Сведоци изјавиле дека се слушнал многу гласен удар, по што се појавил облак од чад. „Тргнавме веднаш да помогнеме. Мажот кој живее во куќата очигледно го видел авионот и успеал да скокне настрана. Но жената е мртва“, изјавил еден од сведоците.

Сè уште не е потврдено дали втората жртва е навистина жител на куќата. На местото на несреќата интервенирале итните служби, а истрагата е во тек. Точната причина за несреќата сè уште не е утврдена.

Continue Reading

Европа

Европа се подготвува за брз железнички транспорт: Се воведува железничка линија Белград – Трст

Published

on

Планираната железничка линија Белград-Трст, која ќе го поврзува Белград со Загреб, Љубљана и Трст, се смета за стратешки важна за Србија и Италија. Оваа линија ќе ја подобри економската соработка и ќе овозможи поодржлив транспорт на стоки и луѓе помеѓу Балканот и Италија. Очекувањата се дека ќе има позитивен ефект и на туризмот.

Средбата меѓу министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Александра Софронијевиќ, и италијанскиот амбасадор Лука Гори ја потврдила важноста на инфраструктурната соработка помеѓу двете земји.

„Овој железнички коридор ќе биде клучен за економскиот раст и подобрување на животната средина“, изјавила Софронијевиќ, додека амбасадорот Гори нагласил дека инфраструктурата е клучен аспект на соработката.

Железничката линија Белград-Трст е дел од европскиот железнички систем „Starline“, кој ќе поврзува 39 дестинации низ Европа, вклучувајќи Велика Британија, Украина и Турција. Главната цел е да се создадат ултра брзи линии кои ќе бидат конкурентни на воздушниот сообраќај.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг