Connect with us

Скопје

По еден месец неизвесност – пронајдено исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје!

Published

on

policija

14-годишно девојче, кое речиси еден месец се водело како исчезнато, вчера било пронајдено во населбата Шуто Оризари, соопшти полицијата. По девојчето се трагало од 13 февруари.

„На 10.03.2025 во 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле А.М.(14) од Скопје, за која на 13.02.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавена дека се оддалечила од семејниот дом. Таа била предадена на нејзиниот старател“, пишува во полицискиот билтен.

Скопје

Хаос во Скопје: Кршел автомобили и прозорци, па се заканувал на сосетката со остар предмет, заврши во здравствена установа

Published

on

Вчера во 16.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ј.(36) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 14.40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С.(26) од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа.

Лицето било пренесено во здравствена установа и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

И денеска посебен режим на сообраќајот во Скопје, ова се деталите

Published

on

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (25.03.2025) со почеток од 20.45 часот поради одржување на меѓународен квалификациски фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Повик за субвенции за велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема

Published

on

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на општината за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, ѕвонче, безбедна сајла, катанец и слично, за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2025 година.

Јавниот повик е отворен од денеска (24 март) и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар – Скопје, по принципот ,„прв дојден, прв услужен“, велат од општината.

„Со Јавниот повик ќе се субвенционира 30% од цената за купување на велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети но најмногу до 3.000 денари и 30% од цената за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, ѕвонче, безбедна сајла, катанец и слично,  за  велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 1.000 денари“, посочуваат од општината.

Секој полнолетен жител на Општина Центар- Скопје, што купил велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема, односно седишта за деца и/или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинет, започнувајќи од 21 март, потребно е да ги достави следните документи:

  • Барање за субвенција за купување на велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-торитинет (достапно е во Архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр.6) и на веб – страницата на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Фискална сметка во оригинал.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, барака бр.6, од 9 часот до 15 часот, почнувајќи од 24 март, велат од општината и додаваат дека по доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно, а за сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк