Connect with us

Црна Хроника

Подметнал пожар, па завршил во полиција – тетовец лишен од слобода!

Published

on

policija apsi

Денеска (11.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Џ. (49) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело “пустошење на шуми”. Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ..

Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Црна Хроника

Пријавени две исчезнати малолетни лица во Скопје – полицијата трага по 13-годишно и 16-годишно девојче

Published

on

policija

Две пријави за исчезнати малолетни лица биле поднесени на 12 јули во скопските полициски станици, информира МВР.

Во 20:00 часот, во Полициската станица Гази Баба, Л.Ш. (41) од село Трубарево пријавила дека од домот се оддалечил 13-годишниот Н.С., кој ѝ бил доверен на згрижување. Истата вечер, во 22:00 часот, во Полициското одделение Сарај, М.З. (54) од Скопје пријавил дека од домот во село Чајлане се оддалечила неговата 16-годишна внука С.З.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на малолетниците и расветлување на околностите околу нивното исчезнување.

Continue Reading

Црна Хроника

Скопјанец претепан во дворот од својот дом, напаѓачите користеле тврди предмети

Published

on

policija

На 12 јули 2025 година, во 01:40 часот, во СВР Скопје бил пријавен физички напад врз 50-годишниот Б.С. од Скопје. Според пријавата, на 11 јули околу 21:00 часот, во дворот од неговата куќа на подрачјето на Радишани, бил нападнат од три непознати лица кои употребиле и тврди предмети.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Физичка пресметка во угостителски објект во Аеродром, приведени двајца скопјани

Published

on

На 12 јули 2025 година, во 21:10 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата, дошло до физичка пресметка помеѓу Б.Ф. (27) и Г.К. (52), двајцата од Скопје.

Полицијата интервенирала на местото на настанот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против инволвираните лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг