Connect with us

Црна Хроника

Серија апсења низ Македонија: Полицијата упадна во Центар, Битпазар, Аеродром, Битола…

На 10.03.2025 во 09.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(29) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода лице(42) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 20.00 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лице(34) од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (11.03.2025) во 00.35 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(39) од Република Турција затоа што при извршена контрола било констатирано дека приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „форд“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

Advertisement

Црна Хроника

Шест лица приведени кај Прилеп, откриени пушки при полициска контрола

Шест лица се приведени во прилепско поради сомнение за „незаконит лов“, откако полициски службеници на 11 декември околу 15:30 часот извршиле контрола на патот Витолиште–Прилеп, на местото викано паркинг Штавица.

Приведени се С.А. (46), Х.Ј.Ј. (48), П.Т. (46) и 16-годишник – сите со шведско државјанство, како и Д.М. (76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп. Сите се сомничат за кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“.

При преглед на возило „мерцедес“ со шведски регистарски таблички, управувано од С.А., полицијата пронашла шест ловечки пушки и пакување со свежо месо исечено на парчиња.

Приведените се задржани во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Тепачка на пазар во тетовско – полицијата со детали

На 11.12.2025 во 16:00 часот во Полициското одделение Групчин се пријавиле Џ.Р.(57) и Б.Р.(34), двајцата од с.Стримница, тетовско. Според пријавеното, кај сточен пазар во с.Боговиње, по претходна расправија, физички го нападнале А.А.(58) од Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Млад скопјанец пронајден мртов во напуштен објект во Центар

На 12 декември 2025 година, околу 00:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на општина Центар е пронајдено починато 25-годишното лице Е.Р. од Скопје.

Екипа на Итната медицинска помош на местото ја констатирала смртта, без видливи траги на насилство.

Полицијата извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг