Connect with us

Свет

Трамп: Се зависи од Русија, нашите луѓе во моментов се на пат кон Москва

Published

on

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, изјави дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија.

„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. Американскиот претседател истакна дека „нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“.

„Можеме да извршиме притисок врз Русија. Се надевам дека нема да биде потребно, но можеме да го направиме тоа. Можам да применам многу силни финансиски санкции за Русија, кои би биле многу штетни за нив. Но, не сакам да го сторам тоа бидејќи сакам мир“, рече Трамп.

Претходно денеска, американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека САД ќе имаат контакт со руската страна и се надеваат на позитивен одговор од Москва.

„Силно ги повикуваме Русија да ги прекине сите непријателства. Овој конфликт нема воено решение“, нагласи Рубио. Тој потврди дека разговорите во Џеда вклучиле и дискусии за тоа „како треба да изгледа преговарачкиот процес“, вклучувајќи и „разговори за територијални отстапки“.

„Ако Русите одбијат, тоа ќе ни каже многу за нивните цели и начин на размислување“, додаде Рубио.

Тој исто така истакна дека Украина ќе има потреба од доволно силна заштита од идни напади и дека европските земји ќе мора да се вклучат во овој процес. Рубио нагласи дека договорот за минерални суровини не треба да се гледа како безбедносна гаранција.

Свет

Трагедија во Литванија: Пронајдени мртви четворицата исчезнати Американци – НАТО загрижен

Published

on

Дознавме дека четворица американски војници загинале во инцидент во Литванија. Во оваа фаза ги имаме само овие информации и не ги знаеме деталите. Ова е навистина застрашувачка вест и нашите мисли се со семејствата и најблиските на војниците, рече Марк Руте, генералниот секретар на Алијансата.

Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија загинаа, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Тој додаде дека се уште не знае детали за тоа што се случило со војниците.

Генералниот секретар, кој е во посета на Полска, рече дека неговите мисли во овој момент се со семејствата на четворицата војници и со САД.

– Дознавме дека четворица американски војници загинале во инцидент во Литванија. Во оваа фаза ги имаме само овие информации и не ги знаеме деталите. Ова е навистина застрашувачка вест и нашите мисли се со семејствата и најблиските на војниците – рече Руте.

Четворицата војници исчезнаа за време на воена вежба, а литванската војска и полиција, заедно со американски воен персонал, започнаа потрага по нив.

Амбасадата на САД во Литванија на мрежата Икс објави дека војниците исчезнале во тренинг област кај градот Пабраде во источна Литванија, во близина на границата со Белорусија.

Continue Reading

Свет

Кој има најголема армија во НАТО? Еве ги бројките за 2024!

Published

on

Според најновите податоци од НАТО и Statista, ова се бројките на активниот воен персонал во земјите-членки на Алијансата, како и во Русија и Украина.

Најголеми армии во НАТО:

• САД – 1,3 милиони војници

• Турција – 355.000 војници

• Франција – 200.000 војници

• Полска – 202.000 војници

• Обединетото Кралство – 184.000 војници

• Германија – 182.000 војници

• Италија – 166.000 војници

• Грција – 143.000 војници

• Шпанија – 133.000 војници

Русија и Украина:

• Русија – 1,5 милиони војници

• Украина – 880.000 војници

Исланд е единствената НАТО земја која нема постојана војска.

Овие бројки ја покажуваат воената моќ на Алијансата во однос на Русија и Украина во 2024 година.

Continue Reading

Свет

Трамп предлага прекинување на финансирањето за медиумските сервиси

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „многу би сакал“ да го прекине финансирањето на американскиот јавен радио сервис Ен-пи-ар (NPR) и јавната телевизија Пи-би-ес (PBS), кои ги обвинува дека се „многу пристрасни“.

-Ќе ми биде чест да ставам крај на тоа – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Американските јавни медиуми, со понизок рејтинг од нивните европски колеги, долго време се мета на клевети од конзервативците, кои ги обвинуваат дека се „премногу левичарски“.

-Сите тие пари се фрлаат… И тие имаат многу пристрасен став – рече републиканскиот претседател.

Во истото обраќање до медиумите, Трамп го нападна главниот уредник на магазинот „Атлантик“, Џефри Голдберг, кој во понеделникот откри недостатоци во воената безбедност.

Според веб-страницата на јавниот радиодифузен сервис Пи-би-ес, структурата што ги дистрибуира федералните субвенции има буџет од приближно 500 милиони долари годишно, што беше одобрено од Конгресот за време на гласањето за буџетот.

Таа структура, Корпорацијата за јавна радиодифузија, наведува дека дава „повеќе од 70 отсто“ од своите субвенции на бројни локални радио и телевизиски станици, кои пак ги откупуваат правата за реемитување програми произведени од националните структури, Ен-пи-ар и Пи-би-ес.

Националната структура на Ен-пи-ар од своја страна наведува дека добива „околу еден процент“ од директните федерални субвенции и живее главно од реклами и програми купени од локалните станици.

Ен-пи-ар проценува дека 41 милион Американци, од вкупно 340 милиони жители, ги слушаат неговите програми секоја недела. Пи-би-ес проценува дека 36 милиони луѓе гледаат локална телевизија на нејзината мрежа секој месец.

Администрацијата на Трамп неодамна одлучи да ја распушти владината агенција која ги надгледува радио станиците Глас на Америка (ВоА), Радио Слободна Азија и Радио Слободна Европа/Радио Либерти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк