Connect with us

Република

Три сестри од кривопаланечкото село Жидилово ќе останат без 493 крави, ради политички реваншизам !!!

Published

on

Скандалозен притисок – 493 крави треба да одат курбан поради политички реваншизам, јавува Тв Алфа.

Четрстотини деведесет и три крави треба да одат курбан поради политички реваншизам. Сопственичките, три сестри, од кривопаланечкото село Жидилово обвинуваат дека целата хајка ја започнал поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, уште пред повеќе од една година.

Семејството Ѓорѓиевски вели дека Решението во кое се наложува одземање на близу петстотини грла добиток, намерно не им било доставено на време, за да не можат да го испочитуваат рокот за жалба. Сметаат дека поранешниот министер, свесно и намерно ги злоупотребил институциите за да им наштети.

„Се мачеиме веќе седум години. Од претходната власт бевме принудени да избегаме од Македонија од нашата држава и да отидеме во Швајцарија. Се вративме бидејќи почнаа да го уништуваат татко ми. Тој се грижеше за говедата во тој период имавме околу 150, до 200. Продававме, но до таа бројка се држевме. Прво што му се случи го избркаа од работа. Љупчо Николовски точно знае ние кои сме. И лично заканувајќи се, упатувајќи закани кон мојот татко, телефонски и кај ѝ да го види, праќаше луѓе, да му се заканува да не работиме. Сакам да го прашам јавно господинот Љупчо, зошто тие решенија уредно не се доставени до нас“, изјави Јулијана Ѓорѓиевска, сопственичка на добитокот“.

Во Решението за одземање на стои дека добитокот наводно не бил чуван во соодветни услови со што е прекршен Законот за благосостојба на животните. Семејството Ѓорѓиеви, пак, вели дека се се темели на еден инспекциски надзор кој во суштина и не нашол некакви неправилности.

„Зад мене се наоѓа шталата во која семејството Ѓорѓиевски целиот живот го чувале добитокот, кои на почетокот во 2024 година властите преку ноќ сакале да им го одземат“

Трите сестри повеќе од една година ја водат оваа правна битка. Ја платиле предвидената глоба, но државата и натаму инсистира дека добитокот мора да биде одземен. Адвокатот Тони Менкиноски кој го ангажирале објаснува дека ова претставува класичен пример на политички реваншизам и злоупотреба на институциите. Поднесена е жалба и од Агенцијата за храна и ветеринарство се бара се поништи претходното решение и да не се одзема добитокот. Поднесени се и кривични пријави против вработени во Министерството за земјоделство кои го изготвиле решнието. Видео Тука-Тв Алфа

Република

Утре без струја делови од Тетово и околните места

Published

on

Утре, четврток (27.03.2025), делови од Тетово и околните населени места ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини. Според најавите, прекините ќе се одвиваат во следните термини:

• Од 06:00 до 06:30 часот, без струја ќе бидат делови од град Тетово, вклучувајќи ги објектите кај ЗИК Млекара, ЗИК Ладилник, ШИК Јелак, Жито Полог, како и објектите на бензинската пумпа „Макпетрол“ и „One Hospital“.

• Од 09:00 до 14:30 часот, електрична енергија нема да има во село Ѓепчиште, во деловите во близина на Т.Н. Македонско Маало.

• Од 09:00 до 14:30 часот, прекин ќе има и во село Желино, во деловите во близина на поштата.

Граѓаните се советуваат да ги планираат своите активности согласно овие прекини.

Continue Reading

Република

КОЊАНОВСКИ: ИНВЕСТИРАМЕ ВО ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО БИТОЛА

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, каде со директорот Горан Талевски разговараше за тековните и идните инвестиции во училиштето.

„Нашата цел е да создадеме подобри услови за учениците и наставниците, а со овие проекти значително го подобруваме квалитетот на наставата,“ изјави Коњановски.

Реконструкцијата на спортската сала е една од најзначајните инвестиции, со вредност од 6.756.133 денари. Во рамки на овој проект, извршена е целосна замена на подот со професионален паркет, санирана е кровната конструкција, обновена е електричната инсталација и осветлувањето, а трибините се реновирани и обоени со фасадна боја.

Дополнително, целосно е реконструирана наставничката канцеларија, со нов инвентар во вредност од 535.000 денари.

Во насока на енергетската ефикасност, училиштето доби и фотоволтаичен систем од 72 модулни единици, со капацитет до 40 киловати, инвестиција вредна 1.416.000 денари.

„Продолжуваме со нови проекти во соработка со Министерството за образование и локалната самоуправа, со што ќе обезбедиме уште подобри услови за сите ученици во Битола,“ истакна Коњановски.

Continue Reading

Република

„BITOLA CITY BUS“ – НОВА МОЖНОСТ ЗА ПОДОБАР ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО БИТОЛА

Published

on

Со цел подобрување на јавниот превоз во градот, намалување на сообраќајниот метеж и поедноставно и побрзо патување, Ротари Клуб Битола, изработи апликација која треба да ја олесни и подобри мобилноста во градот. Со оваа апликација „Bitola City Bus“, граѓаните ќе имаат можност да добијат точна информација во реално време каде се наоѓа потребниот автобус.

Апликацијата и придружниот систем се донација од Ротари клуб Битола за Општина Битола, а истите ќе бидат промовирани утре, на 27 март во 12:00 часот на Техничкиот факултет.

Оваа е уште една дигитална алатка, која се воведува во општината со цел обезбедување подобри можности за граѓаните за нивно брзо и ефикасно завршување на обврските. Во изминатиот период воведен е геоинформациски (ГИС) систем, елекстронски систем за преглед и плаќање на данок, систем за управување со документи (ДМС), а аплицирањето за субвенции за дограма, кое ќе започне од 8 април, исто така ќе се реализира преку нов модул – електронски систем за поднесување барања за субвенции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк