Connect with us

Република

Коњановски: Заедничка акција за создавање безбедни училишта без насилство

Published

on

На Правниот факултет во Битола, денес беше одржана тркалезна маса на тема „Врсничкото насилство во училиштата во Општина Битола“, каде беа презентирани прелиминарните резултати од истражувањето за оваа тема. Истражувањето, кое го спроведоа професорите од Правниот факултет, вклучуваше вкупно 609 ученици од сите основни и средни училишта во Општина Битола. Податоците откриваат загрижувачки бројки за распространетоста на врсничкото насилство, кое се однесува на психичко, физичко и сајбер насилство.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја истакна важноста на заедничкото делување и свесноста за сериозноста на проблемот. Тој нагласи дека врсничкото насилство е еден од клучните проблеми кој бара континуирана работа и акција од сите чинители во општеството.

„Секоја форма на насилство меѓу учениците, без исклучок, мора да биде навремено препознаена и соодветно третирана. Со зголеменото користење на интернетот, се појавуваат нови форми на насилство кои може да остават сериозни последици врз менталното здравје на учениците,“ изјави Коњановски.

Тој истакна дека податоците од истражувањето ќе служат како важен показател за идните мерки на делување, и тоа како за локалната самоуправа, така и за образовните институции, полицијата и граѓанските организации, кои треба да се координираат и соработуваат во создавање безбедна и поддржувачка средина за учениците.

„Ефикасното спречување на насилството подразбира синхронизираност помеѓу сите релевантни институции. Треба да работиме заедно за да создадеме училишта без насилство, во кои секое дете ќе се чувствува среќно, прифатено и безбедно,“ додаде Коњановски.

Комплетната анализа на резултатите ќе овозможи развој на Стратегија за заедничко делување, која ќе ги насочи сите заинтересирани страни кон конструктивни решенија и превентивни мерки за справување со врсничкото насилство во училиштата во Битола.

Република

ВИДЕО: Тетовската полиција спаси млада девојка од обид за самоубиство

Published

on

Тетовската полиција денеска спречи трагедија откако успеа да спаси млада девојка која се обидела да си го одземе животот. Благодарение на брзата реакција на полицајците, девојката е извлечена на безбедно и ѝ е укажана соодветна медицинска помош.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Република

Ѓорѓиевски: Почивајте во мир, деца златни…

Published

on

Македонија тагува по страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа млади животи. Ова е ненадоместлива загуба што ја потресе целата држава и пошироко.

„Не постојат зборови што можат да дадат утеха, ниту нешто што може да ја надомести загубата на семејствата на загинатите. Македонија тагува, тагуваме сите ние. Во овие тешки моменти мораме да останеме силни и во име на човечноста да направиме сè за доброто на сите граѓани,“ изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Тој изрази длабоко сочувство кон семејствата на настраданите, нагласувајќи дека Македонија никогаш нема да ги заборави овие млади души.

Continue Reading

Република

Учениците од ОСМУ „Никола Штејн“ од Тетово собраа средства за семејствата погодени од трагедијата во Кочани

Published

on

Учениците од средното медицинско училиште ОСМУ „Никола Штејн“ – Тетово организираа хуманитарна акција за собирање парични средства во знак на поддршка за семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот настан што ја потресе Македонија.

Во големата трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 млади, а повеќе од 150 беа повредени, целата држава е во тага. Во овие тешки моменти, младите од Тетово, без разлика на нивната етничка припадност, покажаа дека хуманоста е над сите разлики. Учениците, Македонци и Албанци заедно донираа средства, испраќајќи порака за солидарност и единство.

„Говориме различен јазик, но плачеме исто…“ – со овие зборови учениците денес го објавија и своето видео, кое ја пренесува пораката за заедништво и поддршка во време на голема болка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк