Connect with us

Скопје

Контаминација во водоводот во Гази Баба – МВР откри непозната супстанца!

Published

on

На 12.03.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, од Јавното комунално претпријатие Гази Баба било пријавено дека од 22.00 часот на 08.03.2025 до 07.00 часот на 10.03.2025 во Булачани, населението и вработените забележале дека водата има променета боја и миризба.

-По извршени проверки од Јавното комунално претпријатие Гази Баба, било констатирано дека во водоводниот систем во делот после изворот и пред резервоарите за вода била вметната непозната супстанца, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје

Уапсени двајца 18-годишници кои славеа со огномет синоќа во Скопје

Published

on

Вчера околу 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на 18-годишните М.Ф. и М.Ф., двајцата од Скопје, бил запален огнометот.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

ВИДЕО: Ова се лицата кои поставуваат огномет во Скопје

Published

on

Двајца засега непознати лица за полицијата синоќа по полноќ запалиле огномети на главната улица во Бутел, во близина на општинската зграда, а потоа побегнале со моторцикл.

Не е утврдено од каква националост се провокаторите.

„Фактот дека носеа капи на главите и дека тоа се случи токму пред општинската зграда и на главната улица, без страв од полицијата, покажува дека некој сака меѓуетнички проблеми и сака да нè прикаже како луѓе кои немаат сочувство за трагедијата! Тоа се монструми кои сакаат да го одвлечат вниманието од трагичниот настан кон етнички проблеми“, велат жителите Албанци од Бутел, барајќи брза реакција од полицијата за пронаоѓање на маскираните лица.

Во меѓувреме, полицијата потврдува дека е отворен случај за инцидентот и дека се работи на идентификација и апсење на двајцата осомничени.

Видеото може да го погледнете на КОХА

Continue Reading

Скопје

Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Published

on

Општина Кисела Вода ќе донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Одлуката беше донесена едногласно, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода. Седницата на Советот започна со едноминутен молк во чест на загинатите во трагедијата.

„Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите, со сите кои загубија свои најблиски, како и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување. Ова е незамислива и ненадоместлива загуба за целото општество. Во знак на сочувство и солидарност, Општина Кисела Вода донесе едногласна одлука да донира еден милион денари за семејствата на настраданите. Ова е само мал гест на поддршка, но во овие моменти е многу важно да бидеме обединети, да си помагаме и да се грижиме едни за други. Нека почиваат во мир сите што ги загубија животите, а нивните семејства нека најдат сила да ја пребродат оваа огромна болка“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк