Connect with us

Македонија

Не смее сметките за струја да се зголемени заради нередовно читање на броилата, вели премиерот

Published

on

Упатив многу јасна порака кон ЕВН дека не смее да се случува сметките за потрошена електрична енергија на граѓаните да се зголемени заради нередовно читање на броилата. Ваквиот тип на однесување е непочитување кон Владата, бидејќи е непочитување кон граѓаните кои ја избрале оваа Влада. Ако продолжи ваквото однесување, а мислам дека нема да продолжи, државата има механизми како да се заштити и ќе се заштити, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Тоа, како што рече, е непримерно и погрешно и нема така да помине, бидејќи ударот врз граѓаните е удар врз сите нас.

„Ние ќе се браниме и имаме право да се браниме. Бранејќи ги граѓаните го браниме суверенитетот на државата. Ние сме коректни, не се однесуваме насилнички како што тоа го правеле некои други влади во минатото. Не бараме ништо, бараме почитување, бидејќи ние ги почитуваме. Го почитуваме секој инвеститор и тука сме да помогнеме за се што треба ако имаат институционален проблем или друг тип на проблем. Како Влада сме тука за се што можеме да помогнеме и бараме почитување“, рече Мицкоски во гостување на Канал 5.

Нагласи дека има два факти за високите сметки што ги добиваат граѓаните од ЕВН.

-Едниот факт е дека за 40 проценти се помалку жалбите пред Регулаторната комисија за енергетика во споредба со лани тоа време и вториот е дека сметките се зголемени откако ќе се нивелираат, бидејќи ЕВН не ги чита броилата на време, прецизира Мицкоски.

Прашан зошто не го поддржуваат предлогот од опозицијата за намалување на ДДВ-то за струјата од 18 на 5 отсто и на храната на нула проценти иако тоа го предлагале кога тие биле опозиција, Мицкоски рече дека имало ценовни шокови кога тоа го предлагале, а сега тоа не е случај.

„Не станува збор дали нас ние прифатливо или не ни е. Тогаш кога ние го предлагавме имаше екстремно големи ценовни шокови, инфлација од 20 до 25 па и 30 проценти, а сега тоа не е случај. Тогаш импутот и во производството и во оперативното работење беше резултат на тие високи ценовни шокови поради високите цени на енергенсите. Од тие причини се намалуваше процентот на ДДВ. Ако не дај Боже дојдеме до таква ситуација апсолутно тоа е опција и не бегаме ние од таа опција“, посочи Мицкоски.

За цените во маркетите рече дека нема да се намалат доколку само се намали ДДВ-то за храната.

„Зошто некој би ја намалил цената ако ние го намалиме ДДВ-то ако пазарот ја одредил таа цена. Ако мислите дека нешто чини 50 денари и ние да го намалиме ДДВ и некој ќе биде хуман и ќе го направи 47, 48 денари се лажете. Нема тоа да го направи. Тоа нема да се случи ако нема мерки воведени од Владата“, потенцира Мицкоски.

Македонија

Најнова временска прогноза: Погледнете какво време не очекува во наредните денови

Published

on

Утре наутро ќе биде студено, додека преку денот ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе се движи од -6 до -1 степен, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево, со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во сабота, облачноста ќе се зголеми, а од недела се очекува период на променливо облачно и релативно топло време, со повремени дождови. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, а ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Continue Reading

Македонија

Нов потрес денеска почувствуван во Струмица

Published

on

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 34 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Доцна вечерта во Струмица и околината беа почувствувани два земјотреси.

Continue Reading

Македонија

Уште еден земјотрес во Македонија денес

Published

on

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 34 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Доцна вечерта во Струмица и околината беа почувствувани два земјотреси.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк