Connect with us

Црна Хроника

Приведен жител на Фалише – пронајдена пушка без дозвола!

policija

На 12.03.2025 во 07.10 часот во с.Фалише, тетовско,  полициски службеници од СВР Тетово го привеле П.В.(38) од с.Фалише. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена воздушна пушка „Црвена застава” калибар 4.5 мм М56, која ја поседувал без дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Закон за оружје.

Advertisement

Црна Хроника

Апсење на повеќе локации во Скопје

На 05.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.М.(20) од с.Р`жаничино, скопско, Ф.И.(20), Б.Н.(25), Д.П.(25) и Л.С.(42), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Опожарено возило „бмв“ во Скопје – МВР со детали

kola gori

Вчера (06.11.2025) во 03:46 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.Д.(52). Од пожарот било зафатено и патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.З.(45). Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Нема повредени лица, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Лишени од слобода петмина прилепчани за кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави

Денеска (06.11.2025) на регионалниот пат кон с.Тројаци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и РЦ за ГР – Југ го лишија од слобода И.Н.(48) од Прилеп затоа што бил затекнат во патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, натоварено со нежигосано огневно дрво. 

Исто така, на регионалниот пат кон  с.Тројаци, од слобода е лишен и А.А.(23) од Прилеп поради сомнение за кражба на огревни дрва. Во неговото патничко возило „фиат” со кичевски регистарски ознаки  биле пронајдени нежигосани огревни дрва и моторна пила. 
На регионалниот пат кон с.Царевич, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп  и РЦ за ГР – Југ  го лишија од слобода В.С.(38) од Прилеп затоа што при преглед во неговото патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки биле пронајдени нежигосани огревни дрва. 

На место викано „Ленишки мост“ во Прилеп,  полициски службеници од ОВР Прилеп  и РЦ за ГР – Југ  го лишија од слобода А.Р.(21)  од Прилеп, кој управувал патничко возило „даеву” со ресенски регистарски ознаки натоварено со бесправно исечени огревни дрва. 

Додека, во  с.Беловодица, прилепско, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(22)  од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва. 

Дрвата се предадена на шумска полиција, а по документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг