Connect with us

Економија

Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност – Пензионерски пакет на Халкбанк

Пензионирањето значи повеќе време за себе, за најблиските и за сето она што отсекогаш сте сакале да го правите. Без грижи за рокови и обврски, ова е периодот кога треба да уживате – во утринското кафе, прошетките, семејните собири и малите работи што носат радост. За да биде сè уште полесно, важно е и финансиските предизвици да бидат едноставни и без непотребни компликации.

Со Пакетот за пензионери од Халкбанк, сè е прилагодено на вашите потреби. Исплатата на пензијата е пред секој први во месецот. Добивате можност безбедно и брзо да располагатесо вашите средства преку бесплатната MasterCard дебитна картичка со која можете да подигнувате готовина од сите банкомати во земјата без провизија. Добивате и бесплатно електронско банкарство достапно 24/7 за следење и менаџирање на сите ваши трансакции од вашиот мобилен телефон или компјутер и бесплатни СМС известувања за секоја трансакција. Дополнително, интерните налози на шалтерите во Халкбанк се без провизија, обезбедувајќи поголема вредност за вашите средства

Како знак на благодарност за довербата, Халкбанк доделува и подароци за пензионерите кои ќе станат дел од пакетот. Оваа понуда е достапна за сите нови клиенти кои ќе ја префрлат својата пензија во Халкбанк, како и за веќе постоечките клиенти кои сакаат да ги искористат овие поволности.

Финансиската сигурност е важна во секој период од животот. Со едноставни решенија и практични поволности, Пакетот за Пензионери ви овозможува да се посветите на она што навистина ви значи – безгрижни моменти со најблиските, спокојни утра и сигурност во секојдневните финансиски одлуки.

Advertisement

Економија

Божиновска: Интерконекторот со Србија е приоритет за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со висока делегација на Светска банка предводена од Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура, и Сјаоќинг Ју, директорка на канцеларијата на Светска банка за Македонија. Разговорите беа насочени кон стратешките енергетски проекти, зелените инвестиции и зајакнување на институционалната соработка.

Во фокусот на средбата беше гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект оценет како клучен за енергетската безбедност и регионалната поврзаност. Беше разгледана потребата од заедничка институционална рамка со Србија, како и улогата на НОМАГАС АД во подготовката на документацијата и координацијата со меѓународните партнери.

Делегацијата на Светска банка ја потврди подготвеноста за поддршка на развојот на обновливите извори, системите за складирање енергија и модернизацијата на централните топловодни системи во Битола и Скопје – инвестиции кои директно влијаат врз намалување на загадувањето и енергетската одржливост.

Божиновска ја нагласи важноста на Фондот за енергетска ефикасност, со акцент на фокусирани средства за јавните установи, каде ефикасноста има најголемо системско влијание. Во делот на енергетската сиромаштија беше истакната потребата од попрецизно таргетирани мерки и подобрена енергетска ефикасност на јавните и приватните објекти.

Специјален дел од разговорите се однесуваше на постепеното исклучување на електраните на јаглен и плановите за инвестиции во обновливи извори и современи системи за складирање. Двете страни се согласија дека транзицијата мора да биде социјално праведна, со програми за преквалификација и дообука за работниците во енергетскиот сектор.

Министерката и претставниците на Светска банка се договорија за засилена координација, техничка поддршка и редовен дијалог со цел забрзување на зелената транзиција и создавање стабилен и модерен енергетски систем, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Continue Reading

Економија

Утре пристигнува исплатата за граѓаните од втората Граѓанска обврзница

Министерството за финансии соопшти дека утре, 14 ноември 2025 година, ќе започне исплатата за втората година од втората Граѓанска обврзница. На сметките на граѓаните кои вложија во оваа емисија ќе бидат префрлени 17,6 милиони евра главница и дополнителни 880 илјади евра камата.

Втората граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година, со рок на достасување од две години и годишна каматна стапка од 5%. Каматата за првата година, исто така во износ од 880 илјади евра, беше исплатена минатата година во ноември.

Овој инструмент беше воведен во 2023 година со цел да го развие финансискиот пазар и да обезбеди дополнителни извори за финансирање на економските политики. Досега се реализирани две емисии на Граѓанска обврзница, во вкупен износ од 41,1 милион евра. Првата емисија се запиша со 23,5 милиони евра, а втората – која сега се исплаќа – со 17,6 милиони евра.

Од Министерството информираат дека веќе се работи на подготовка на нова емисија.

„Во изминатиот период се спроведоа анализи на финансискиот пазар и европските трендови, со цел проширување на понудата на инвестициски инструменти. Проспектот за новата Граѓанска обврзница е во подготовка и се очекува да биде објавен до крајот на годината“, наведуваат од таму.

Continue Reading

Економија

МБИ10 со раст од 0,11%, обврзничкиот пазар без активности

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 13 ноември 2025 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,11%, достигнувајќи ниво од 10.290,38 поени, при вкупен промет од 24,93 милиони денари. Најголем дел од активноста беше концентриран кај Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои и денес беа најликвидни хартии на официјалниот пазар. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,27 поени, без реализирани трансакции со обврзници.

Најтргувани хартии од вредност

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 11.924.270 денари

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 3.711.900 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 4.292.050 денари

Топ добитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,21%

● Гранит АД Скопје (GRN) +0,06%

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) +0,87%

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) +1,10%

Топ губитници

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –0,07%

● Реплек АД Скопје (RPK) –0,62%

● ТТК Банка АД Скопје (TTK) –2,98%

Обврзнички пазар

На пазарот со државни и корпоративни обврзници не беа реализирани трансакции, при што индексот ОМБ остана стабилен на 128,27 поени.

Сесијата на 13 ноември 2025 година се одвиваше во позитивна насока, со раст на индексот МБИ10 од 0,11% и вкупен промет од 24,93 милиони денари. Најактивни беа Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол, кои ја предводеа дневната ликвидност. Најголем раст забележаа НЛБ Банка и Македонски Телеком, додека ТТК Банка и Реплек беа најголеми губитници. Обврзничкиот пазар остана без активности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг