Connect with us

Република

Карапетров: Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ конечно ќе добие целосна реконструкција

Советот на општина Тетово денес едногласно ја прифати донацијата од компанијата УНИПРОМЕТ НМ ДООЕЛ Скопје, со која ќе бидат обезбедени 800.000 евра за целосна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Оваа донација ќе овозможи подобрување на условите за учениците и наставниците, решавајќи децениски проблем со несоодветната инфраструктура на двете згради на училиштето.

„Конечно, по барање на учениците и наставниците, овој долгогодишен проблем ќе биде решен. Зборот е збор! Не сме сите исти!“ – истакна Ангел Карапетров, советник во општина Тетово.

Проектот предвидува целосна реконструкција на првата зграда, која располага со 7 училници, кабинет за информатика, 2 тоалети, наставничка канцеларија, библиотека, канцеларија за помошник-директор и простор за техничкиот персонал. Втората зграда ќе добие реновирање на 6 училници, наставничка канцеларија, тоалет, кабинети за природни науки и мала спортска сала.

Оваа инвестиција претставува значаен чекор во унапредувањето на образованието во Тетово и обезбедува современи услови за учениците и наставниот кадар.

Advertisement

Република

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 06.11.2025 во 14:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(45) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и предмети со остатоци од растителна материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Република

Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот Ѓело Ѓошев.

Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.

Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.

Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор.

По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.

Continue Reading

Република

Расветлено убиството во Чашка, лишен од слобода еден од извршителите, по уште едно лице се трага

Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода и до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Д.Ц.(43) поради основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик.

На 05.11.2025 во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот Д.Ц., заедно со уште едно лице, го убиле Ѓ.Ѓ. од Велес.

Прво Д.Ц. го намамил Ѓ.Ѓ. и со својот автомобил го однел на локацијата. Потоа, заедно со другото лице, пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот, од која жртвата починала.

Осомничениот Д.Ц. претходно бил сторител на кривично дело „разбојништво“, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката. МВР во координација со јавен обвинител презема мерки и активности за пронаоѓање и на другиот извршител на кривичното дело.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг