Connect with us

Спорт

Масар Омерагиќ едногласно избран за претседател на ФФМ до 2029 година

Published

on

Масар Омерагиќ беше единствен кандидат и едногласно и со акламација беше избран од највисокото тело на ФФМ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. 

Во продолжение, говорот на првиот човек на македонскиот фудбал откако ја доби довербата од делегатите на Изборното Собрание на ФФМ. 

Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ: 

Не сме овде само да зборуваме за проблемите од минатото – туку да погледнеме напред, кон новата визија и стратегија за македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија има обврска да постави јасен правец, да создаде систем кој ќе гарантира долгорочен развој и да ја врати довербата кај сите што се дел од овој спорт.

Нашата визија е јасна: Силен, организиран и конкурентен македонски фудбал на сите нивоа.

Младински категории кои ќе бидат столбот на идните успеси;

Современа инфраструктура која ќе им овозможи на фудбалерите да напредуваат;

Федерација која работи транспарентно, професионално и во интерес на фудбалот; 

Работиме на нова генерална стратегија: План за иднината!

Без силни млади категории, нема иднина. Ќе вложуваме во подобри услови за тренинг, селекција на таленти и едукација на тренери. Нашата цел е да создадеме млади фудбалери кои повторно ќе бидат конкурентни во европските квалификации.

Во таа насока, една од битните работи е создавањето на скаутинг систем во рамки на нашата федерација кои ќе има единствена цел – македонските таленти од странство да имаат еден избор – дресот на Македонија. 

Подобрување на инфраструктурата

Фудбалот не може да напредува без квалитетни терени. Ќе инвестирамево изградба и модернизација на терените ширум Македонија и тренинг-центри, со реални проекти и јасна финансиска стратегија.

Финансиска стабилност и транспарентност

Секој денар во федерацијата ќе биде инвестиран во вистински проекти. Заврши времето на непродуктивно трошење – парите ќе одат таму каде што се најпотребни. На оваа позиција доаѓам како поранешен фудбалер и успешен бизнисмен, фудбалот доволно ми има дадено, време е да му вратиме за добро на сите. 

Поддршка за клубовите

Клубовите се крвотокот на фудбалот. Новата стратегија предвидува конкретни програми за финансиска и стручна помош, за да им помогнеме да растат и напредуваат. Да бидат конкурентни во Европските натпреварувања или барем на повисоко ниво од тоа што денеска го имаме. 

Унапредување на меѓучовечките односи и професионализација

Федерацијата мора да биде модел на професионалност, транспарентност и ефикасност. Ќе градиме култура на соработка, почит и јасни одговорности.

Фудбалската федерација ќе обезбеди целосна логистичка, стручна и финансиска поддршка за двете најважни селекции – А репрезентацијата и репрезентацијата до 21 година. Впрочем, за нас ќе бидат важни селекциите од најмала возраст до најдобрата репрезентација. 

А репрезентацијата е лицето на македонскиот фудбал, нашиот најголем амбасадор на меѓународната сцена. Ќе направиме сè за да имаат најдобри услови за подготовкии поддршка за големи натпреварувања.

Селекцијата до 21 година е нашата иднина – тие се играчите што ќе ја предводат А репрезентацијата во годините што доаѓаат. 

Затоа, ќе вложуваме во нивниот развој, ќе им обезбедиме врвни услови за тренинг, подобра координација со клубовите и можности за меѓународни искуства.

Многу важен дел од новата Стратегија ќе биде целосната реформа во структурата на Општинските фудбалски Сојузи и реформа на организациската структура на Фудбалската федерација на Македонија. 

Оваа исклучително битна реформа во Општинските фудбалски Сојузи ќе ја работиме во соработка и целосен мониторинг на УЕФА. Со проверка на легитимитет на клубовите кои настапуваат во Општинските фудбалски Сојузи ќе го утврдиме и легитимитетот на самите Општински Сојузи. Мораме да имаме јасна слика за тоа кои клубови учествуваат во организираниот систем на Општинските Сојузи, а потоа и во натпреварување на ФФМ.

Ова не е само моја визија – ова е наша заедничка мисија. Само со чесна работа и со јасен план, можеме да го издигнеме македонскиот фудбал на ниво кое сите го посакуваме.

Време е за нов почеток. Време е за резултати.Одиме напред – за македонскиот фудбал“!

Спорт

Возбудливи младински ракометни завршници: Битола домаќин на Ф4 за кадетки, натпревари на повеќе фронтови низ Македонија

Published

on

Паралелно со завршниците во сениорските натпреварувања, викендов започнуваат и одлучувачките мечеви во младинските категории. Денеска Битола е домаќин на Фајнал Фор турнирот за кадетки, додека момците ќе бидат активни на неколку локации низ Македонија.

Во младинската конкуренција сите четири четвртфинални натпревари ќе се одиграат во Скопје, а улогата на домаќини ја имаат третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза.

Распоредот е следниот:

26 април, 14:00 ч.: Скопје – Мулти Есенс 27 април, 13:00 ч.: Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 28 април, 20:00 ч.: Пролет – Еурофарм Пелистер 30 април, 19:00 ч.: Вардар – Алкалоид

Кај кадетите веќе беше одигран првиот четвртфинален натпревар во кој Пролет убедливо го совлада Куманово со 32-20, и со тоа е на чекор до пласман на завршниот турнир. Денеска и утре ќе се одиграат останатите три дуели:

26 април, 13:00 ч.: Борец ФЛ – Струга 26 април, 19:30 ч.: Охрид – Еурофарм Пелистер 27 април, 19:00 ч.: Македонија ЃП – Мулти Есенс

Најголема неизвесност се очекува во Охрид, каде што домашната екипа ќе се обиде да му парира на силниот тим на Еурофарм Пелистер. Струга е фаворит во Велес против Борец ФЛ, а Македонија ЃП ќе се обиде да ја искористи предноста на домашен терен против Мулти Есенс.

Младинскиот ракомет во Македонија викендов нуди вистинска ракометна треска, со натпревари што носат директни визи за завршните турнири.

Continue Reading

Спорт

ФФМ го суспендира ОФС Охрид: Фиктивни записници со починато лице, лажна лига и судии

Published

on

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија.

УО на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид).

Главните причини за донесената одлука се:

– Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари (фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, а се заведени како одиграни со конкретни резултати);

– Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите;

– Судии имаат писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе;

– Комлетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена;

Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ ќе поднесе дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ.

Од ФФМ истакнаа дека остануваат цврсто посветени на правилно и транспарентно функционирање на фудбалските структури и нема да толерираат никакви обиди за злоупотреба.

gol.mk

Continue Reading

Спорт

Одлични вести за навивачите на Реал Мадрид пред утрешниот натпревар со Барселона

Published

on

Ферлан Менди се враќа за „Ел Класико“ – Анчелоти пред важни тактички одлуки

По пауза од 45 дена, левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, се врати во тимот токму пред големото финале на Купот против Барселона. Францускиот дефанзивец веќе тренира со полн интензитет и е целосно подготвен за настап.

Менди важи за еден од најнезгодните противници, дури и според зборовите на Ламин Јамал, кој неодамна изјави дека токму тој му бил најтешкиот чувар досега. Да не беше повредата, Менди сигурно ќе беше прва опција за спротивставување на Јамал, но со оглед на долгата пауза, Карло Анчелоти би можел да се одлучи за Фран Гарсија од првата минута – бек кој е поофанзивен, но дефанзивно далеку послаб од Менди.

Анчелоти, исто така, размислува за формациско решение. Сè уште не е одлучено дали да се оди со класичната 4-3-3 со Родриго во офанзивното трио заедно со Винициус и Мбапе, или пак да се засили средниот ред со 4-4-2, каде што Модриќ би стартувал, а нападот би бил минимално жртвуван за поголема контрола на средината.

Одлуките кои ќе ги донесе Анчелоти ќе имаат голема тежина во овој високонапонски натпревар, каде секој детаљ може да биде пресуден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк