Connect with us

Магазин

Овие навики ги уништуваат влакната: Погрешни начини на кои ја чешлате вашата коса

Published

on

Доколку сте имале проблеми со косата сигурно сте се обиделе со разни шампони и препарати, но дали сте размилсувале дека можеби само грешите во начинот на кој ја расчешлувате косата.

Се чешлате од коренот до врвот

Ова е комплетно погрешно затоа што на тој начин ја извлекувате косата од фоликулите, кинејќи ја. Ставете го чешелот неколку сантиметри до крајот на косата и почнете да чешлате како да ја чешлате слој по слој.

Чешлање на мокра коса

Косата потешко се расчешлува кога е целосно мокра. Оставете ја малку да се исуши па тогаш почнете со чешлањето.

Кратка четвртаста четка

Кратка четвртаста четка со боцки не е најзгодна ако сакте да ја размрсите косата. За оваа цел подобар е чешел со ретки запци, но пред чешлањето нанесете спреј за тенки влакна, користете лосион ако влакната се со средна дебелина и крема за густа коса.

Предолго чешлање

Заборавете ги старите филмови во кои холивудските диви седат пред огледало и долго ја чешлаат косата броејќи до 100. Премногу чешлање може да доведе до кршење на косата. Обрнете повеќе внимание на квалитетот на четката или чешелот.

Погрешна четка

Можеби грешите и во изборот на четката. Четките со природни боцки многу понежно делуваат на косата отколку четките со синтетички боцки. Природните четки одобро ги распоредуваат природните масла на косата.

Валкани четки

Како што е потребно овремено да ги исчистите четките за шминкање, така е потребно да ги исчистите и чешелот и четката. Кога ја миете четката прво отстранете ги влакната а потоа ставете ја под врела вода и притоа може да искористите шампон или сапун. Кога добро ќе ја измиете оставете ја на пешкир да се исуши.

Статички електрицитет

Честото четкање на косата може да доведе до појава на статички електрицитет. Затоа при чешлањето потребно е да ја намокрите косата со вода, или да ставите малку масло за коса на прстите и со нив да поминете низ косата.

Магазин

Парите пристигнуваат за четири хороскопски знаци: Мај носи огромна среќа и богатство за овие луѓе

Published

on

Сезоната на Бик носи пари: Овие хороскопски знаци ќе имаат финансиска добивка до 3 мај

Со доаѓањето на сезоната на Бик, ѕвездите се поставени во корист на одредени хороскопски знаци кога станува збор за финансии. До 3 мај, некои од нив ќе имаат шанса да се стабилизираат, добро да заработат, па дури и да инвестираат паметно.

Овој период традиционално е поволен за материјална сигурност, па ако размислувате за вложувања или купување, сега е вистинското време да го направите тој чекор. Еве кои знаци се издвојуваат на полето на пари:

БИК

Вашата сезона започна и парите буквално ќе „се лепат“ за вас. Очекувајте успешни финансиски трансакции и можности за напредок. Парите ви се приоритет и тоа ќе се покаже.

ОВЕН

Сонцето во Бик ви носи стабилна и поволна основа за заработка. Ве очекуваат нови деловни преговори, особено околу висината на приходите – резултатот ќе ви оди во прилог.

РАК

Марс во Лав ви носи дополнителна енергија и резултати. Ова е совршен момент да ги наплатите обврските од последните месеци – парите доаѓаат.

РИБИ

Венера во Овен ви носи симпатични, вредни подароци и мала, но значајна парична добивка. Иако не е огромен износ, ќе ви биде добредојден во наредните денови.

Continue Reading

Магазин

Рецепт за долг живот: Оваа супер намирница го намалува холестеролот и го зајакнува срцето – консумирајте ја што почесто

Published

on

Тајната на долговечноста можеби лежи во – виолетовиот сладок компир

Познатиот експерт за долговечност Дан Бутнер открива дека едно наизглед обично растение би можело да биде клучот за долг и здрав живот – па дури и за доживување на 100. роденден. Станува збор за виолетовиот сладок компир, познат и како виолетов батат, кој игра централна улога во исхраната на жителите на Окинава – едно од петте светски подрачја познати како „сини зони“, каде луѓето живеат значително подолго од глобалниот просек.

Моќен сојузник против стареење

„Сакате да живеете подолго? Јадете повеќе слатки компири,“ советува Бутнер. Според него, повеќе од 60% од дневниот внес на калории на жителите на Окинава потекнува токму од оваа намирница. Слаткиот компир е богат со сложени јаглехидрати кои обезбедуваат стабилна енергија, растителни влакна што придонесуваат за здравјето на дигестивниот систем и – можеби најважно – антиоксиданси што помагаат во борбата против воспаленија.

Она што го издвојува виолетовиот сладок компир од другите намирници е неговата висока содржина на антоцијанини – природни пигменти кои му ја даваат карактеристичната боја и имаат силно антиоксидантно дејство. Овие соединенија се поврзани со подобро здравје на срцето, подобрен вид, и дури можат да помогнат во управување со дијабетес.

Природен начин за намалување на лошиот холестерол

Истражувањата на официјалната страница на Blue Zones покажуваат дека антоцијанините не само што ги намалуваат воспалителните процеси во организмот, туку и можат да помогнат во регулирањето на нивото на LDL, т.н. „лош“ холестерол. За разлика од преработената храна, виолетовиот сладок компир не предизвикува натрупување на холестерол и претставува одличен избор за сите кои сакаат да го одржат срцето здраво.

Овој коренест плод може да се подготви на повеќе начини – најздраво е кога се вари на пареа, како прилог со месо или риба, но може да се искористи и во супи, пире или печени јадења.

Сè е до животниот стил

Иако генетиката игра улога во нивото на холестерол, Британската национална здравствена служба предупредува дека лошите животни навики – како консумирање масна храна, недостаток на физичка активност, прекумерна тежина, пушење и алкохол – значително го зголемуваат ризикот од срцеви болести.

Заклучокот е едноставен – ако сакате да ја зголемите шансата за подолг, поздрав живот, можеби е време да го внесете виолетовиот сладок компир во вашата секојдневна исхрана.

Continue Reading

Магазин

Лоши вести за два хороскопски знаци: Ги очекува банкрот најдоцна до 2 мај

Published

on

Сезоната на Бик носи финансиски предизвици: Водолиите и Јарците под удар на лоши проценки

Иако астролошкиот календар сега е под владеење на Бикот – знак познат по стабилност и финансиска претпазливост – некои хороскопски знаци направија сериозни грешки во управувањето со своите пари. Според астролозите, Водолиите и Јарците би можеле да се најдат во сериозни финансиски потешкотии во наредните седум дена.

Претераната самодоверба, поддржана од енергијата на Бикот, ги поттикна многумина на ризични потези како подигнување кредити, кои може да доведат до финансиски колапс. Особено се загрозени токму оние кои инаку важат за поразумни во управувањето со пари.

ВОДОЛИЈА

И покрај тоа што често се сметаат за иновативни и оригинални, Водолиите никако да совладаат подобра распределба на буџетот. Финансиската негрижа може да ги доведе до ситуација во која ќе останат без пари и порано од очекуваното. Време е за поголема рационалност и воздржаност во трошоците.

ЈАРЕЦ

Иако важат за мајстори на штедењето, Јарците во овој период се соочуваат со неочекувани трошоци. До 2 мај, постои реална опасност нивниот буџет да биде целосно исцрпен. Потребна е дополнителна претпазливост, особено кога станува збор за големи инвестиции или нови долгови.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк