Connect with us

Република

Голем пожар крај Црна Река во Битола

Големо стрниште гори во близина на Црна Река, а пламените јазици се видливи дури и од Битола. Пожарот се проширил и на трската и вегетацијата покрај реката, што го прави уште потешко за гаснење.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола се на терен и работат на локализирање на огнот.

„Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, додавајќи дека засега нема опасност по населени места.

Пожарникарите прават напори да го стават пожарот под контрола и да спречат негово натамошно ширење.

Advertisement

Република

Претрес во гостиварско, пронајден пиштол, приведено едно лице

На 13.11.2025 во 03:50 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода А.Ш.(35) од с.Добридол. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол „Екол“ со една празна рамка. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Република

Проданоски стартува со приемни денови: Отворени врати за граѓаните

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го реализираше првиот приемен ден со граѓаните, каде што лично разговараше со голем број прилепчани. На средбите беа изнесени конкретни идеи, предлози и проблеми, за кои локалната самоуправа презеде обврска за навремено и реално решавање.

Проданоски истакна дека ова претставува почеток на нова, поотворена и потранспарентна пракса во функционирањето на Општината, која ќе продолжи и понатаму со исто темпо. Според него, секој глас и секоја иницијатива од граѓаните се значајни за подобрување на квалитетот на живот во Прилеп.

Градоначалникот ги охрабри сите жители кои имаат потреба или желба да предложат идеи за развој на локалната заедница да закажат средба на телефонскиот број 076 22 99 15 и да споделат свои ставови и предлози.

„Заедно градиме подобар Прилеп“, порача Проданоски.

Continue Reading

Република

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола го доби престижниот бренд Label France Education

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ освои значајно меѓународно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи, во година кога училиштето одбележува две децении француско-македонски двојазични паралелки.

На јубилејната свеченост во Офицерскиот дом, францускиот амбасадор Н.Е. Кристоф ле Риголер го додели угледниот бренд Label France Education, со што гимназијата стана дел од мрежата на светски образовни институции кои нудат висококвалитетна франкофонска двојазична настава.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој доби благодарница за неговата континуирана поддршка во унапредувањето на наставниот процес и развојот на образовните програми во училиштето.

Свеченоста беше збогатена со презентација на 20-годишното искуство и постигнувањата на гимназијата во интегрирањето на францускиот јазик во наставата, а присуствуваа и почесната конзулка на Франција, како и бројни претставници од образовниот, културниот и јавниот живот на Битола.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг