Connect with us

Спорт

Македонија до 16 ќе одигра два контролни меча со Русија и Таџикистан во Анталија, Турција

Published

on

Репрезентацијата на Македонија до 16 години во Анталија, Турција ќе одигра два контролни натпревари против соодветните селекции на Русија и Таџикистан.

Првата контролна средба ја играме против Русија, на 23. март, со почеток во 13:30 часот.

Вториот контролен меч го играме против Таџикистан, со почеток во 9. часот, на 25. март.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Драган Начевски, за двете контролни натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Лука Грчевски Црвена Звезда, Србија

Ринор Цека Шкендија

Иван Стоилковски Работнички

ОДБРАНА:

Стефан Јордановски А.П. Брера

Мелдин Аломеровиќ Слован, Словенија

Давид Лиотоски Работнички

Давор Јорданов Њу Старс

Аријан Рамадани Шкендија

Михаил Митревски Македонија Ѓ.П.

Грегоријан Михајловски Сервет, Швајцарија

Божидар Гогачевски Пелистер

Алекса Јазагиќ Македонија Ѓ.П.

СРЕДИНА:

Сонер Ракипи Шкендија

Андреј Цветковски Работнички

Бленди Љачка Фенербахче, Турција

Марко Мирчевски Охрид

Фадиљ Исламовиќ Загреб, Хрватска

Дејан Спасески Лече, Италија

Горјан Петковски Македонија Ѓ.П.

Лука Георгиевски А.П. Брера

Напад:

Коста Бошковски Вардар

Васко Папалиски Парк

Арда Иљазовски Б93, Данска

Вулнет Амети, Шкупи

Спорт

Возбудливи младински ракометни завршници: Битола домаќин на Ф4 за кадетки, натпревари на повеќе фронтови низ Македонија

Published

on

Паралелно со завршниците во сениорските натпреварувања, викендов започнуваат и одлучувачките мечеви во младинските категории. Денеска Битола е домаќин на Фајнал Фор турнирот за кадетки, додека момците ќе бидат активни на неколку локации низ Македонија.

Во младинската конкуренција сите четири четвртфинални натпревари ќе се одиграат во Скопје, а улогата на домаќини ја имаат третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза.

Распоредот е следниот:

26 април, 14:00 ч.: Скопје – Мулти Есенс 27 април, 13:00 ч.: Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 28 април, 20:00 ч.: Пролет – Еурофарм Пелистер 30 април, 19:00 ч.: Вардар – Алкалоид

Кај кадетите веќе беше одигран првиот четвртфинален натпревар во кој Пролет убедливо го совлада Куманово со 32-20, и со тоа е на чекор до пласман на завршниот турнир. Денеска и утре ќе се одиграат останатите три дуели:

26 април, 13:00 ч.: Борец ФЛ – Струга 26 април, 19:30 ч.: Охрид – Еурофарм Пелистер 27 април, 19:00 ч.: Македонија ЃП – Мулти Есенс

Најголема неизвесност се очекува во Охрид, каде што домашната екипа ќе се обиде да му парира на силниот тим на Еурофарм Пелистер. Струга е фаворит во Велес против Борец ФЛ, а Македонија ЃП ќе се обиде да ја искористи предноста на домашен терен против Мулти Есенс.

Младинскиот ракомет во Македонија викендов нуди вистинска ракометна треска, со натпревари што носат директни визи за завршните турнири.

Continue Reading

Спорт

ФФМ го суспендира ОФС Охрид: Фиктивни записници со починато лице, лажна лига и судии

Published

on

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија.

УО на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид).

Главните причини за донесената одлука се:

– Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари (фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, а се заведени како одиграни со конкретни резултати);

– Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите;

– Судии имаат писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе;

– Комлетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена;

Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ ќе поднесе дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ.

Од ФФМ истакнаа дека остануваат цврсто посветени на правилно и транспарентно функционирање на фудбалските структури и нема да толерираат никакви обиди за злоупотреба.

gol.mk

Continue Reading

Спорт

Одлични вести за навивачите на Реал Мадрид пред утрешниот натпревар со Барселона

Published

on

Ферлан Менди се враќа за „Ел Класико“ – Анчелоти пред важни тактички одлуки

По пауза од 45 дена, левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, се врати во тимот токму пред големото финале на Купот против Барселона. Францускиот дефанзивец веќе тренира со полн интензитет и е целосно подготвен за настап.

Менди важи за еден од најнезгодните противници, дури и според зборовите на Ламин Јамал, кој неодамна изјави дека токму тој му бил најтешкиот чувар досега. Да не беше повредата, Менди сигурно ќе беше прва опција за спротивставување на Јамал, но со оглед на долгата пауза, Карло Анчелоти би можел да се одлучи за Фран Гарсија од првата минута – бек кој е поофанзивен, но дефанзивно далеку послаб од Менди.

Анчелоти, исто така, размислува за формациско решение. Сè уште не е одлучено дали да се оди со класичната 4-3-3 со Родриго во офанзивното трио заедно со Винициус и Мбапе, или пак да се засили средниот ред со 4-4-2, каде што Модриќ би стартувал, а нападот би бил минимално жртвуван за поголема контрола на средината.

Одлуките кои ќе ги донесе Анчелоти ќе имаат голема тежина во овој високонапонски натпревар, каде секој детаљ може да биде пресуден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк