Connect with us

Црна Хроника

Потресно сведоштво: Мртви тела лежеа по холот на болницата во Кочани, меѓу нив ја барав сестра ми

Published

on

Брат на 16-годишното девојче кое е повредено во трагедијата во Кочани, сведочеше за ужасните сцени што ги затекнал во болницата. Девојчето било меѓу првите кои успеале да излезат од дискотеката, но имало сериозни изгореници.

„Јас бев на лице место во болницата и тоа беше страшно. Мртви тела лежат по холот, мораше да прескокнуваме мртви тела за да влеземе и да видиме како е сестра ми. Ние ја видовме накратко, а потоа ни рекоа дека ја префрлаат во Скопје поради сериозните повреди“, изјави роднината на повредената девојка.

Тој исто така нагласи дека вратата на дискотеката, која била мала, не им овозможила на сите да избегаат на време.

„Тоа е мала врата, тесен пролаз, сигурно многумина не успеале да излезат. Видов повеќе од 100 повредени во болницата, мислам дека ниеден клинички центар не би можел да прими толкава бројка“, додаде роднината.

Црна Хроника

ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ, СОПАТНИКОТ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Тешка сообраќајна несреќа

Published

on

brza pomos

38-годишниот С.С. од село Буковиќ загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера, 16 април, околу 18:25 часот, на локалниот пат помеѓу селата Копаница и Бојане, а сопатникот се бори за живот.

Мотоциклот „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал С.С., излетал надвор од патот, при што возачот починал на местото на несреќата. Сопатникот во мотоциклот, 41-годишниот С.Ј. од село Копаница, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„Истрагата за причините на несреќата е во тек. Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Кај возачот е констатирана смрт на местото, додека сопатникот е задржан на лекување во болница, но не се познати сите детали за неговата состојба“, информираат од полицијата.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Според првичните информации, причините за несреќата сè уште не се утврдени, но истрагата продолжува.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

Published

on

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени, а нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет. Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Балканот во тага и неверување: Почина една од најпознатите српски водителки

Published

on

По кратка, но тешка болест, почина српската водителка и манекенка Даниела Борачeва, пренесуваат регионалните медиуми.

Борачeва беше позната по својот ангажман во промовирањето на здрав начин на живот, како и по издавањето на книгата „Мојот манекенски готвач“, која содржи рецепти и совети за урамнотежена исхрана.

Тажната вест ја соопшти нејзиниот сопруг преку социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака со која ѝ се прости:

„Почивај во мир, кралице“, напиша тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк