Connect with us

Балкан

Заменикот МНР на Грција се потпиша во книгата на жалост во амбасадата во Атина

Амбасадорката Бошковска од своја страна му се заблагодари на Ловердос за поддршката и помошта од грчката Влада, но и истакна дека денешниот ден е особено тежок бидејќи родителите ги испраќаат нивните деца во вечното почивалиште.

Сочувство, но и поддршка од грчката Влада за трагедијата во Кочани, изрази заменик-министерот за надворешни работи на Грција Јанис Ловердос, кој денеска се потпиша во книгата на жалост отворена во Македонската амбасада во Атина, каде што го пречека амбасадорката Лидија Бошковска, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-шефот на грчката дипломатија на амбасадорката уште еднаш ѝ ја повтори поддршката на Грција, но и практичната помош, што, како што рече дојде по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис.

– Да знаете дека Владата и народот на Грција во овие моменти на голема тага, на жал ќе бидат секогаш покрај вас. Ние, Грците сме многу чувствителен народ, имаме и ние претрпено слични трагедии, истакна заменикот МНР.

Посочи дека „некогаш зборовите се непотребни“, но и дека „за жал, многу пати трагедиите ги приближуваат народите“, а паралелно нагласи дека грчкиот народ ја чувствува тагата и сочувствува со соседната земја.

Амбасадорката Бошковска од своја страна му се заблагодари на Ловердос за поддршката и помошта од грчката Влада, но и истакна дека денешниот ден е особено тежок бидејќи родителите ги испраќаат нивните деца во вечното почивалиште.

– Би сакала да изразам голема благодарност за брзата и одлична реакција од персоналот на Службата за итна помош, на персоналот во болниците и во Солун и во Атина, на одличната соработка со грчката амбасада во Скопје. Оваа трагедија ни влијаеше на сите, истакна амбасадорката.

Дополнително, заменик-министерот побара од амбасадорката да го информира за здравствената состојба на 12-те повредени, кои се хоспитализирани во Грција.

Ловердос, се потпиша во книгата на жалост што од понеделникот е отворена во нашата Амбасада, по што имаше тет-а-тет средба со амбасадорката Бошковска.

Advertisement

Балкан

МПЦ–ОА донираше богослужбени материјали за македонската заедница во Тирана


Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија.

Во име на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и на Македонците голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

Како друштво, веќе неколку години по ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Додава дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добие календар треба само да се контактира со друштвото.

Continue Reading

Балкан

Родителите на деца до 12 години во Бугарија ќе можат да работат од дома или со скратено време

Парламентот на Бугарија денеска на прво читање усвои законски предлог со кој родителите и старателите на деца до 12 години ќе можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина за време на летниот распуст.

Предлог-законот за измена на Законот за работни односи е поднесен од пратеничката Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а едногласно бил усвоен со 181 глас „за“.

Досегашниот закон предвидуваше ваква можност само за родителите на деца под осум години. Новата измена го проширува ова право до децата до 12 години, но исклучиво за периодот на летниот распуст.

Continue Reading

Балкан

Трагедија во Хрватска: Турски противпожарен авион се урна, пилотот загина

Турски противпожарен авион „Ертрактор“ АТ-802Ф се урна во Хрватска, при што пилотот загина на лице место. Хрватските медиуми јавуваат дека пилотот испратил повик за помош откако одеднаш почнал да губи брзина, а потоа исчезнал од радарот. Локален жител забележал пожар на местото на несреќата и веднаш повикал служби за итни случаи.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари, полиција, брза помош и Хрватската горска спасувачка служба (HGSS). Трагично, телото на пилотот било пронајдено на местото на ударот.

Авионот бил во сопственост на Турската управа за шумарство и имал регистарски ознаки OR-2025. Вчера, заедно со идентичен авион, пристигнал од Тирана на аеродромот Крк. Денес, авионот се упатил кон Загреб, но по ненадејното губење на височината се вратил назад, при што се случила трагедијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг