Connect with us

Магазин

Не беше ни Џенифер, ни Анџелина – оваа актерка откри зошто раскинала со Бред Пит по 27 години тајност

Додека се подготвува да се врати на големото платно во филмот „Marty Supreme“, каде глуми со Тимоти Шаламе, Гвинет Палтроу се осврнала за една од најпознатите љубовни приказни од 1990-тите – нејзината врска со Бред Пит.

Додека се подготвува да се врати на големото платно во филмот „Marty Supreme“, каде глуми со Тимоти Шаламе, Гвинет Палтроу се осврнала за една од најпознатите љубовни приказни од 1990-тите – нејзината врска со Бред Пит. Во интервју за „Венити фер“, актерката, која исто така беше со уште еден холивудски заводник – Бен Афлек, се присетила колку нивната врска била под лупата на јавноста.

„Тоа беше како да излегувам со принцот Вилијам или со некој сличен“, рекла оскаровката, алудирајќи на вниманието што го привлекувала нивната романса. „Секогаш ќе се зборува за тоа“.

И навистина, Гвинет и Бред беа олицетворение на холивудскиот гламур – таа млада ѕвезда во подем, а тој етаблиран заводник. Кога се запознале, таа имала 22, тој 29, а нивната љубовна приказна изгледала како бајка.

Љубовта започнала на снимањето

Нивната романса започна во 1994 година на снимањето на трилерот „Седум“, кој подоцна ќе стане култен филм. Искрата веднаш се запали, а нивната врска набрзо прерасна во сериозна љубовна приказна.

Во ноември 1996 година, парот ја објави својата свршувачка, на задоволство на милиони фанови. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, во јуни 1997 година, тие донесоа изненадувачка одлука – раскинаа, без објаснување.

Тешко раскинување и нови животни поглавја

Раскинувањето било особено болно за Гвинет. Таа подоцна признала дека во тој период сериозно размислувала да се откаже од улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“, кој подоцна и го донесе Оскарот за најдобра женска улога.

„Бев целосно уништена“, признала Гвинет во интервјуто за „Вариети“.

„Помислата да одам во Англија, далеку од сè, беше застрашувачка. Но, кога го прочитав сценариото, знаев дека морам да ја прифатам улогата“.

Нејзината одлука се исплатеше – филмот стана огромен хит, а таа освои и Оскар, Меѓутоа, во тој период, далеку од Холивуд, таа мораше да се справи со сопствените емоции и да го преболи љубовниот крах со Бред Пит.

Повторно пријателство и убави спомени

Со текот на времето, тие успеаја да го надминат минатото и да остварат пријателски однос.

„По раскинувањето, извесно време не бевме во контакт“, рекла Палтроу. „Но, пред околу 18-19 години, повторно се поврзавме и оттогаш останавме блиски“.

Денес, Гвинет не го крие воодушевувањето од нејзиниот поранешен свршеник. Зборувајќи за „Ентертејмент тунај“, таа топло зборувала за него: „Го обожавам. Тој е неверојатен човек – паметен, креативен, голем претприемач и едноставно добар човек. Јас сум негов огромен обожавател“.

Иако нивните животи тргнаа по различни патишта – Палтроу стапи во брак со Крис Мартин од „Колдплеј“, со кого се разведе, па ја најде среќата со Бред Фалчук, додека Пит зад себе има турбулентен љубовен живот, пропаднатите бракоив со Џенифер Анистон и со Анџелина Џоли – едно е сигурно: нивната приказна засекогаш ќе остане дел од холивудската историја.

Advertisement

Магазин

Ајде сите да гласаме за македонскиот филм „Приказната за Силјан“ кој е во трка за престижна Audience Choice награда

Документарниот филм на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, се наоѓа во конкуренција за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарно кино. Филмот веќе ја обезбеди номинацијата во првиот круг на гласањето, а вториот круг започна денес, со публиката како клучен фактор за изборот на победникот.

„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Тимот на Котевска апелира до публиката да ја поддржи Македонија и да ги даде своите гласови за овој филм, истакнувајќи дека секој глас може да има значително влијание врз неговата иднина на светската сцена.

Audience Choice Prize го избира документарниот филм кој најмногу ја освојува светската публика и често претставува предвесник за влез во потесниот избор за Оскар. Гласањето се затвора на 16 декември 2025 во 02:00 часот, а резултатите за тоа дали филмот ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе бидат објавени истата вечер во 22:00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

За да се поддржи македонскиот претставник, гласовите можат да се дадат преку следниот линк: Cinema Eye Honors Audience Choice Voting.

Continue Reading

Магазин

Зимскиот притисок на гумите е клучен за безбедност на патот

Со доаѓањето на студените месеци, многумина возачи се фокусираат на замена на зимски гуми, но забораваат на еден од најважните аспекти – правилниот притисок во гумите. На ниски температури, воздухот во гумите се стеснува, што значително го намалува притисокот и влијае на стабилноста, сопирањето и потрошувачката на гориво.

За секои 10 степени пад на температурата, притисокот во гумите паѓа за околу 0,1 до 0,2 бари. На пример, ако есенскиот притисок бил 2,2 бари, при -5 степени истиот може да падне на 1,8–2,0 бари, што ја прави гумата помека и помалку стабилна.

Експертите советуваат во зима да се додава околу 0,2 бари над препорачаната вредност наведена од производителот на возилото. На пример, ако препораката е 2,2 бари, зимскиот притисок треба да биде околу 2,4 бари.

Пренискиот притисок води до полошо држење на патот, подолго растојание на запирање, зголемена потрошувачка на гориво и побрзо трошење на гумите, додека пренадуваните гуми ја намалуваат контактната површина и го зголемуваат ризикот од лизгање.

Стручњаците препорачуваат притисокот да се проверува најмалку еднаш месечно, а најдобро е кога гумите се ладни – три часа по возење или кратко по неколку километри. Со правилно надуени гуми, автомобилот ќе биде постабилен, побезбеден и поефикасен во зимски услови.

Continue Reading

Магазин

Џеф Безос и сопругата донираат 88 милиони евра за бездомниците

Џеф Безос и неговата сопруга Лорен објавија дека ќе донираат 102,5 милиони долари (околу 88 милиони евра) на 32 непрофитни организации низ САД кои работат со бездомници. Средствата ќе бидат исплатени преку Фондот за семејства „Деј еден ден“, кој Безос го основа во 2018 година.

„Можеме да дадеме повеќе од 100 милиони долари оваа година, тоа значи многу за бездомниците“, изјави Лорен за време на гостувањето во емисијата „Добро утро, Америка“. Таа додаде дека донациите ќе им помогнат на семејствата „да се движат во вистинската насока“ и дека ова е само почеток на нивната филантропска активност.

Лорен и Џеф се венчаа во јуни во Венеција, на свадба на која присуствуваа стотици познати личности, вклучувајќи го семејството Кардашијан-Џенер, Опра Винфри и Бил Гејтс. Двојката се запозна во 2019 година, а Безос ѝ предложи брак во 2023 година.

„Среќна сум што го поминувам животот со мојата најдобра пријателка, некој што ме гледа, некој што ме обожава, некој што го обожавам. Се чувствувам безбедно. Се чувствувам видено. Тој ми дозволува да бидам јас“, изјави Лорен пред свадбата за Vogue.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг