Connect with us

Црна Хроника

Станков: Дел од жртвите во пожарот во Кочани со изгореници од четврти степен, кај четворица констатирано задушување од стампедо

Published

on

Александар Станков, раководител на Институтот за судска медицина денеска информираше за спроведената обдукција и идентификација на починатите изјави дека кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема. Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што била направена само ДНК анализа. Во тек се токсиколошките анализи за да се утврди што било присутно во крвта на загинатите, иако според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив имало јаглерод моноксид.

Станков вели во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, но за токсиколошките анализи можеби ќе биде потребно повеќе време. Ќе се прават и патохистолошки анализи и се што ќе биде сработено, Институтот за судска медицина ќе достави до Обвинителството ќе нареди вештачење.

Обдукциите почнале вечерта, на 16 март, а завршиле претпладнето на 18 март. Идентификацијата, пак, 99 проценти била завшрена во вторникот, на 18 март, а комплетно во утринските часови на 19 март. Идентификацијата првично се спроведувала во болниците каде што биле жртвите, но само со помош на препознавање и лични документи, а потоа биле применети и ДНК анализа и дактилоскопија при што, за да нема никаква грешка, проверка се правела по неколку пати.

-Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи. Во детали не би влегувал зашто не се завршени сите анализи, но постојат фрактури на ребра и знаци за притисок кои довеле до задушување, подвлече Станков на прес-конференција.

Во однос на задушувањето, докторот објасни дека под дејство на јаглерод моноксид се јавува главоболка, повраќање, вртоглавица, безсознание, дезориентираност, парализа на мускулите и во вакви случаи, жртвите, вообичаено, се наоѓаат веднаш до местото од кое се обидувале да избегаат.

-Овој гас е многу опасен, нема мирис и вкус, делува на централниот нервен систем, ги онеспособува жртвите и смртта може да настане многу брзо, за неколку минути, зависно колкава е концентрацијата. Во дискотеката каде што се случил пожарот, во тој чад и простор, под дејство на јаглерод моноксид смртта може да настане многу брзо. Ова е многу опасен гас и најчесто се јавува при вакви пожари, поради недоволно, некомплетно согорување. Сепак, во овој случај треба да се земат предвид и другите работи како амбиенталното задушување зашто огнот што гори го троши кислородот, па покрај влијанието на јаглерод моноксидот, има и намалено количество на кислород, нагласи Станков, додавајќи дека во најголем број случаи при вакви големи пожари не е исклучено да се појават и цијан водород и сулфур водород.

На македонските тимови од Судска медицина помош им понудиле колегите од Атина, Солун, Ниш, Белград, Приштина, Тирана, Сараево,…, но нашите експерти, како што потенцира Станков, сами ја завршиле работата.

Одговорајќи на новинарски прашања, Станков подвлече дека обудкциите се нужни за да се докаже вистината.

-Обдукциите се вид собирање материјални докази зашто со нив се одредува причината на смртта, дали постојат други повреди идали прчината за смртта е поврзана со настанот. За а излезе птавдината на виделина и за да иумаме комплетен судски процес, но ид а се покажеме како правна, нормалнма држава, мора да се почитуваат одредени правуила, ние тие правила ги почитуваме, не може да вршиме идентификација и да одредуваме причина за смрт само со преглед, мора да се направи комплетна обдукција и позитивна идентификација за да излеземе пред судот каде ќе имаме многу прашање за да може да ги одговориме, објасни докторот.

На прес-конференцијата беше и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ. Тој и Станков изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани.

Извор: 4news.mk

Црна Хроника

ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ, СОПАТНИКОТ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Тешка сообраќајна несреќа

Published

on

brza pomos

38-годишниот С.С. од село Буковиќ загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера, 16 април, околу 18:25 часот, на локалниот пат помеѓу селата Копаница и Бојане, а сопатникот се бори за живот.

Мотоциклот „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал С.С., излетал надвор од патот, при што возачот починал на местото на несреќата. Сопатникот во мотоциклот, 41-годишниот С.Ј. од село Копаница, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„Истрагата за причините на несреќата е во тек. Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Кај возачот е констатирана смрт на местото, додека сопатникот е задржан на лекување во болница, но не се познати сите детали за неговата состојба“, информираат од полицијата.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Според првичните информации, причините за несреќата сè уште не се утврдени, но истрагата продолжува.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

Published

on

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени, а нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет. Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Балканот во тага и неверување: Почина една од најпознатите српски водителки

Published

on

По кратка, но тешка болест, почина српската водителка и манекенка Даниела Борачeва, пренесуваат регионалните медиуми.

Борачeва беше позната по својот ангажман во промовирањето на здрав начин на живот, како и по издавањето на книгата „Мојот манекенски готвач“, која содржи рецепти и совети за урамнотежена исхрана.

Тажната вест ја соопшти нејзиниот сопруг преку социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака со која ѝ се прости:

„Почивај во мир, кралице“, напиша тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк