Connect with us

Економија

Од април повисока миниминална плата: Еве колку точно ќе изнесува минималната плата од април

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека од април ќе започне исплатата на новата минимална плата, која ќе биде зголемена за околу 2.200 денари во однос на сегашната минимална плата.

Тој додаде дека доколку во следните месеци се постигне договор помеѓу работниците и работодавачите за поголем износ, ќе бидат направени законски измени и дополнителни усогласувања.

„Денес имаме владина седница, разговарав со министерот за економија и ќе подготвиме информација. Според Законот, минималната плата ќе биде зголемена на 24.400 денари, така е предвидено според Законот“, изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека во моментов не постои репрезентативен синдикат во Економско-социјалниот совет и дека е формирана комисија која ќе ја утврди репрезентативноста.

„Се надевам дека наскоро, кога ќе бидат утврдени репрезентативните претставници на работниците, тие заедно со работодавачите ќе постигнат согласност, а ние ќе го почитуваме тој договор. Ако се договорат за поголем износ, ќе го промениме Законот и ќе направиме дополнителни усогласувања“, нагласи Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани.

Економија

Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?

Published

on

Граѓаните и во март продолжиле со активно задолжување, најмногу за станбени и потрошувачки кредити, каде што забележан е раст од 1,6% за станбените и 1,0% за потрошувачките. На годишна основа, овие кредити пораснале за 13,9% и 9,2% соодветно.

Според последните податоци на Народната банка, граѓаните и корпоративниот сектор во март имале вкупни депозити од 9,7 милијарди евра, додека нивниот долг кон банките изнесувал 8,2 милијарди евра.

Во однос на растот на депозити и кредити на годишно ниво, и депозитите и кредитите покажале сличен тренд. Депозитите пораснале за 12,7%, додека кредите за 12,3%.

Растот на депозитите бил забележан и во двата сектора, со поголем придонес од страна на домаќинствата, додека кај кредитите поголем придонес имал корпоративниот сектор.

Во март, вкупните депозити забележале месечен раст од 0,6%, додека кредите се зголемиле за 1,0%.

Кога станува збор за задолжувањето на граѓаните, продолжува најголемиот раст кај станбените и потрошувачките кредити, кои покажале раст од 1,6% месечно, а на годишна основа зголемувањето било 13,9% и 9,2% соодветно.

Меѓутоа, автомобилските кредити паднале за 1,1% во март, но на годишно ниво пораснале за 3,4%. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалиле за 0,8% на месечно ниво, додека на годишно ниво падот изнесува 9,0%.

Негативните салда на тековните сметки се зголемиле за 5,1% месечно, додека на годишно ниво паднале за 2,4%. Кредити одобрени на други основи паднале за 0,3% месечно и 8,2% на годишна основа.

Continue Reading

Економија

Димитриеска Кочоска: Градиме партнерски однос со бизнис заедницата

Published

on

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска оствари средба со претставници на домашната бизнис заедница, нагласувајќи дека креирањето на економските политики ќе продолжи да се базира на двонасочна комуникација и активно учество на сите засегнати страни.

По обраќањето пред германските инвеститори кои веќе работат во Македонија, Димитриеска – Кочоска се сретна со претседателите на трите највлијателни стопански комори во земјата – Бранко Азески од Стопанската комора, Трајан Ангеловски од Сојузот на стопански комори и Менди Ќура од Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Градиме партнерски однос со целата бизнис заедница – и со домашните и со странските компании. Политиките кои ги креираме се резултат на инклузивен процес. Само таквите мерки може да донесат вистински резултати и придобивки за сите“, изјави министерката.

Оваа средба е дел од пошироката стратегија на Министерството за финансии за продлабочување на соработката со приватниот сектор, како и за обезбедување економска стабилност и предвидлива деловна клима.

Continue Reading

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 17.04.2025

Published

on

Подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза од Илирика Инвестментс АД Скопје.

 

Скопје, 17 април 2025 година – Македонската берза денес го заврши тргувањето со вкупен промет од 2.998.589 денари. Индексот МБИ10 забележа значителен пад од 0,94%, достигнувајќи вредност од 10.175,12 поени, што укажува на преовладувачки негативни движења на пазарот.

Динамика на тргување и пазарни движења

Берзата денес беше под влијание на изразен пад кај неколку водечки хартии од вредност, особено Комерцијална банка и Алкалоид, што значително придонесе за намалувањето на индексот МБИ10. Иако вкупниот промет беше понизок во споредба со претходните денови, одредени акции како Реплек и двете Стопански банки забележаа позитивни корекции.

Најтргувани акции

1. НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – промет од 1.625.500 денари, последна цена 58.500 денари, пораст од +0,09%

2. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 969.130 денари, последна цена 27.720 денари, пад од -3,11%

3. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 133.500 денари, последна цена 26.699 денари, пад од -2,17%

Најголеми добитници

1. Стопанска банка АД Битола (STBB) – пораст од +2,99%, последна цена 3.450 денари

2. Стопанска банка АД Скопје (STB) – пораст од +2,99%, последна цена 2.437 денари

3. НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – пораст од +0,09%, последна цена 58.500 денари

Најголеми губитници

1. ТТК Банка АД Скопје (TTK) – пад од -5,29%, последна цена 1.700 денари

2. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пад од -3,11%, последна цена 27.720 денари

3. Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од -2,17%, последна цена 26.699 денари

Обврзнички пазар

Индексот ОМБ остана непроменет, на ниво од 124,40 поени, без реализирани значајни трансакции со државни или корпоративни обврзници.

Берзанскиот ден на 17 април 2025 беше под силно влијание на негативното движење кај неколку клучни компании. Водечките акции како Комерцијална банка и Алкалоид имаа значителен пад, што ја повлече и целокупната пазарна перформанса надолу. Од друга страна, умерен позитивен сигнал дојде од Стопанска банка Скопје и Битило како и НЛБ Банка. Инвеститорите и понатаму остануваат претпазливи, додека се чекаат стабилизирачки движења на пазарот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк