Connect with us

Македонија

Потребен ни е вистински ресет во државата и во него треба сите заеднички да учествуваме

Во секој систем, вклучувајќи го и нашиот има пропусти. После ова трагична случка, која што не погоди сериозно сите во нашата држава е дефакто дека од тие пропусти сме доведени во ситуација да ни се случат вакви трагични настани, изјави вечерва во своето гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски вели дека ваквите пропусти не се од вчера и дека истите се таложеле со децении наназад.

„Тие пропусти, не се од вчера, не се од денес. Тие пропусти се повеќе од 30 и повеќе години. Можеби се недостатоци и недоволна внесеност во сите постапки и индивидуално залагање на поединецот кој што во даден момент бил на челна позиција на одредена институција, вклучувајќи тука и локална самоупрама и градоначалник, вклучувајќи и бивши премиери на државата, бивши министри за транспорт и врски, вклучувајќи инспекторати разно-разни и т.н“, рече Ѓорѓиевски.

Потребен е винстински ресет во државата и во тој ресет да учествуваат сите, смета Ѓорѓиевски.

„Што значи се оставило доволно простор за изигрување на законите сите овие години наназад. Она што треба да го направиме ние во наредниот период, јас одговорно тврдам во делот на моето постапување изминативе три години, дека секогаш доследно сите постапки се водени, не земајќи во предвид, еве едно обично одобрение за градба треба да добиете согласност од сите релевантни институции. Многу институции го користат доколку не добијат во рок од 15 дена, моментот на молчење на администрација па го земаат како позитивно. Во мојата општина сум забранил лично, да се практикува. Тој момент на изигрување на постапките, на законот бил тргнат на страна, односно не се дозволило да се движиме во таа траекторија. Нас ни треба винстински ресет во државата и во тој ресет треба сите заеднички да учествуваме“, смета градоначалникот Ѓорѓиевски.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг