Connect with us

Спорт

Ивановски во два сета до второто коло на турнирот во Опатија

Published

on

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи на ИТФ фјучрс турнриот М15 Опатија. Тој денеска оствари победа во мечот од првото коло против Кејн Бонсах Генлеј од Данска со 2-0 во сетови (64 75) за 103 минути игра. Ивановски имаше максимален учинок на брејк топки односно од двете прилики – двете ги искористи, додека успеа да спаси шест брејк шанси на противникот. Во вкупниот број поени во изедначениот меч скорот беше 74:64 за Ивановски.

Во првиот сет првите возбудувања беа во третиот гем кога ривалот на Ивановски ја имаше првата брејк топка, која нашиот тенисер ја спаси. Двајцата играчи нема проблеми со освојување на гемот на свој сервис се до 10.тиот гем кога Ивановски ја искористи првата брејк топка и го доби сетот со 6:4 во гемови за водство од 1-0 во сетови. Слична беше сликата и во вториот сет, повторно во третиот гем данскиот тенисер имаше дури пет брејк топки, кои Калин успеа да ги спаси. Во овој сет во 12.гем Ивановски направи брејк искористувајки ја брејк топката број 2 која беше воедно сет-меч топка за македонскиот тенисер. Вториот сет заврши со резултат 7:5 во гемови.

Во второто коло Ивановски за противник го има шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина (21 година, 540 место АТП листа), кој го освои турнирот во Ровињ што се играше претходната недела. Биелински во првата рунда го совлада Нејтан Блохин од САД со 2-0 во сетови (63 60).

Спорт

Стартен триумф за Ѓорческа во Копер

Published

on

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го стартуваше настапот на ИТФ W75 турнирот во Копер, Словенија што се игра за нагарден фонд од 60.000 долари. Во мечот од првото коло Ѓорческа ја совлада 30-годишната тенисерка од Белгија Мари Бено со 2-0 во сетови (75 61) за 101 минута игра.

Во првиот сет се водеше голема борба, а македонската тенисерка прва успеа да дојде до предност од 4:1 во гемови, а по 5:2 ривалката стигна до 5:5. По голема неизвесност во 12-тиот гем Лина направи брејк за водство од 1-0 во сетови откако го доби првиот сет со 7:5 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка имаше целосна контрола и сетот го доби со 6:1 во гемови.

Според програмата за денеска беше предвиден и мечот од 2.коло, но поради дожд мечот беше преместен за програмата во петок. Противничка на Ѓорческа ќе и биде Екатерина Горгодзе од Грузија, која со 2-1 (63 46 10-6 на поени) во сетови ја елиминира втората носителка Селена Јаничијевиќ од Франција.

Во меѓусебните дуели Ѓорческа води со 2:1 во победи и сите мечеви на ИТФ турнирите се одиграни во три сета, додека Ѓорческа има и еден триумф вп БЏК купот кога противничката го предаде мечот.

Continue Reading

Спорт

Македонија до 18 поразена од Словачка со 3:1 на вториот контролен натпревар

Published

on

Репрезентацијата на Македонија до 18 години беше поразена со 3:1 од соодветната селекција на Словачка во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Јан Брнула го отвори резултатот на средбата со погодок во 18. минута. На 2:0 зголеми Кристијан Стручка во 28. минута. Филип Трело го постигна третиот погодок за Словачка во 45. минута.

Во продолжението од средбата избраниците на селекторот Ерхан Селими успеаа само да го намалат резултатот. Давид Стојановски беше стрелец на погодокот во 60. минута.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации заврши нерешено 1:1.

Македонија: Павел Трајковски, Златко Радески, Абдулах Аслани, Лука Атанасовски, Давид Стојаноски, Адмир Љатифи, Каменчо Андоновски, Али Хисар, Андреј Мурџески, Бојан Затуроски, Стефан Марковскич;

Резерви: Давид Илоски, Онур Бешир, Горазд Ристовски, Марко Киш, Димитар Шаркоски, Назиф Цека, Емир Шаботиќ, Кренар Хоти, Албион Мусли, Џек Едвард Митревски, Игли Хасани, Аритон Мехмед;

Селектор: Ерхан Селими;

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ со раководството на Црвена Звезда: Пријателствата и партнерствата се клучни за иднината на фудбалот

Published

on

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во просториите на „Куќа на фудбалот“ оствари средба со највисокото раководство на белградскиот фудбалски клуб Црвена Звезда. Делегацијата на српскиот шампион беше предводена од генералниот директор Звездан Терзиќ и претседателот на клубот, Светозар Мијаиловиќ.

На средбата, Омерагиќ изрази искрена благодарност за поддршката и хуманитарниот гест што Црвена Звезда го направи за настраданите во трагичната несреќа во Кочани. Тој посебно го истакна значењето на пријателскиот натпревар што неодамна се одигра во Скопје помеѓу Вардар и Црвена Звезда, кој имаше хуманитарен карактер.

„Црвена Звезда не е само спортски гигант, туку и модел на организација и професионализам кој треба да се следи. Доколку сакаме македонскиот фудбал да се доближи до европските стандарди, мора да учиме од најдобрите во регионот и да градиме партнерства,“ изјави Омерагиќ.

Претседателот на ФФМ нагласи дека пријателските односи и соработките со клубови од регионот, особено со оние со докажан успех и системска стабилност, се од клучно значење за развојот и унапредувањето на македонскиот фудбал.

Средбата помина во духот на меѓусебна почит и визија за заеднички проекти во иднина, кои би придонеле за развој на младинските школи, инфраструктурата и квалитетот на натпреварувањата на Балканот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк