Connect with us

Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Двајца Македонци загинаа во Италија – познат нивниот идентитет (ФОТО)

Бајрам Бајрамоски, од село Жировница, 53 години и неговиот пријател Фуат Етемовски (65) години загинаа во Италија, објави Шило Магазин.

Синоќа, 25 март, тие после напорната работа се враќале во нивниот дом во областа Тревизо кога се случила трагедијата во близина на Боскалто ди Лореџија.

Според првичните информаци од медиумите во Италија со комбето кое управувале во близина на Боскалто ди Лорегија, директно се судрило во камион.

Во возилото се наоѓале тројцата станари, двајца Македонци и Босанец, од повредите на ударот лекар на итната медицинска помош кај двајцата Македонци констатирал смрт.

Advertisement

Црна Хроника

Уапсени 10 лица во Скопје – МВР со детали

На 12/13.11.2025 во Скопје,  на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(40) од Турција, Т.М.(25) од с.Волково, скопско, Н.С.(30) од с.Р`жаничино, скопско, Б.А.(23), Б.С.(21), Д.А.(31), А.М.(38), Е.З.(39) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, шишиња со течност и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Општински службеник „скратувал“ површини и ѝ украл 105.000 денари на општината!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против П.Ј.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, на работно место во Сектор за урбанизам во Општина Свети Николе, во 2024 и 2025 година, постапувајќи по поднесени барања за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема од правен субјект од Свети Николе, составил записник за извршен увид на местото во кој навел неточен податок, односно помала површина од реалната која ќе се користи, изготвил одобренија за поставување на урбана опрема и ги доставил за потпис до градоначалникот на општина Свети Николе. После тоа, биле склучени договори за времено-сезонско користење на јавни површини во периодот од 01.01.2024 до 16.04.2025 и на тој начин го оштетил буџетот на Општина Свети Николе за 105.504 денари. 

Continue Reading

Црна Хроника

Татко пријавил дека малолетната ќерка заминала со момчето кое се заканувало дека ќе ја запали куќата

На 12.11.2025 во 11:41 часот во СВР Скопје, Е.А.(47) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот од пред семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка заминала со Е.Д., со кого била во врска, откако претходно се заканил дека со запалива течност ќе им ја запали куќата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг