Connect with us

Европа

Фон дер Лајен ја повика Кина на преговори

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја повика Кина да преговара за решение на проблемите предизвикани од царините што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во разговор со кинескиот премиер Ли Кианг, Фон дер Лејен „ја истакна одговорноста на Европа и Кина, двата најголеми пазари во светот, за поддршка на силен, реформиран пазар, слободен, фер и заснован на еднакви услови“, соопшти нејзината канцеларија.

Ли и Фон дер Лајен разговарале за воспоставување механизам за следење на потенцијалното трговско пренасочување. Европската унија стравува дека Кина ќе ги пренасочи своите евтини производи во Европа поради царините на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Ројтерс.

Кинескиот премиер рече дека двете страни ќе ја зајакнат комуникацијата и ќе ја заштитат слободната и отворена трговија и инвестиции, објави Кинеското државно радио. „Кина е подготвена да го зајакне меѓусебното политичко почитување со ЕУ“, рече Ли, додавајќи дека Пекинг се залага за решавање на проблемот преку дијалог и консултации.

Кина денеска го критикуваше Трамп откако тој најави дополнителни царини од 50 отсто за кинескиот увоз, нарекувајќи го тоа уцена. Републиканецот се закани дека ќе воведе царини од 100 отсто на кинескиот увоз во САД почнувајќи од среда, доколку Пекинг одговори со реципрочни мерки на неговите тарифи, објавени минатата недела.

Европската унија предложи свои царини за американските производи како одговор на одлуката на Трамп да воведе царини од 20 отсто за алијансата. ЕУ истовремено предложи нула царини за индустриски производи на САД, но американскиот претседател одговори дека „тоа не е доволно“ и дека Европа мора да го надомести трговскиот суфицит што го има со Америка.

Advertisement

Европа

Европската епархија купи нова црква за македонските верници во Германија

Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) купи нов објект во Германија, кој ќе стане духовен дом на македонските верници во Штутгарт.

Верниците на црковната општина „Свети Кирил и Методиј“ во овој германски град наскоро ќе имаат свој сопствен храм каде ќе се служат литургиите и ќе се одвиваат сите црковни активности.

Договорот за купопродажба беше потпишан во присуство на надлежниот митрополит Европски г. Пимен.

„Со голема духовна радост, Македонската православна црковна општина од Штутгарт ја известува својата богобојазлива заедница дека денес, во присуство на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Европски г. Пимен, беше и официјално потпишан купопродажниот договор за храмот ‘Свети Кирил и Методиј’. Овој чин претставува значаен духовен и историски момент за македонската православна заедница во Германија. Со ова, верниците добиваат свој сопствен дом на верата, молитвата и заедништвото. Создаваме денес, за утре да имаме историја“, соопштија од МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ – Штутгарт.

Храмот ќе биде духовно средиште на Македонците во регионот, каде ќе се одржуваат богослужби, верска настава и културно-духовни активности за младите и за семејствата.

Извор: религија.мк

Continue Reading

Европа

Расте стравот во Европа, државите се подготвуваат за најлошото: Вежбаат евакуација, а некои се веќе во засолништа

Европа е во состојба на зголемена тревога. Во Литванија, жителите на Вилнус вежбаат евакуација во случај на ширење на воен конфликт. Стотина граѓани беа евакуирани со автобуси и возови во привремено засолниште, околу сто километри од главниот град.

Последните недели дополнително го зголемија стравот — европското небо е сведок на упади на воени авиони и дронови, сечени се подводни кабли, а мета на кибер-напади беа и аеродроми и изборни системи.

Европските држави ги усогласуваат своите безбедносни чекори, а секоја паралелно ја зајакнува сопствената одбрана. Во Германија, по инцидентот кога над 10.000 патници останаа блокирани на аеродромот во Минхен поради дронови, владата подготви закон со кој полицијата ќе може самостојно да ги урива беспилотните летала доколку претставуваат закана или предизвикуваат штета.

Законот сè уште треба да го потврди германскиот парламент, а слични регулативи веќе се применуваат во Франција, Литванија и Романија.

Continue Reading

Европа

МБИ10 останува стабилен, а обврзниците бележат пораст од 0,62%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во понеделникот, 25 август 2025 година, на Македонската берза беа остварени вкупно 14.309.758 денари промет, преку класични трансакции и блок зделки. Индексот МБИ10 заврши со минимален раст од 0,03%, на ниво од 10.398,49 поени, додека индексот ОМБ кој ги следи државните обврзници порасна за 0,62%, достигнувајќи 128,27 поени.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 3.830.840 денари (регуларно) + 2.062.280 денари (блок)

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 4.289.590 денари

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – 2.095.110 денари

Топ 3 добитници

● Реплек АД Скопје (RPLK): +2,50%

● Гранит АД Скопје (GRNT): +0,54%

● ВВ Тиквеш АД Кавадарци (TIKV): +0,03%

Топ 3 губитници

● РЖ Услуги Скопје (RZUS): –2,13%

● ТТК Банка АД Скопје (TTK): –1,19%

● Стопанска банка АД Скопје (STB): –0,67%

Обврзнички пазар

На денешната сесија беа евидентирани неколку трансакции со државни обврзници, вклучувајќи ги:

● Денационализација 22: +2,09%, промет 461.950 денари

● DO2019/04-0234: цена 107,10

● DO2018/05-0133dk: цена 112,20

● DO2017/10-0332dk, DO2021/14-0936, DO2017/06-0232dk, DO2020/04-0450dk: сите по цена 100,00

Берзанскиот ден го одбележа висока активност на Комерцијална банка, со доминација во блок и редовен промет. Алкалоид останува стабилен со високо ниво на ликвидност, додека индекси бележат незначителни поместувања. Обврзничкиот пазар покажа позитивен сигнал, што може да укаже на зголемен интерес кај инвеститорите за фиксен принос во услови на стагнирачки акции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг