Connect with us

Црна Хроника

Актуелен директор доби кривична пријава

Published

on

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.

Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело.

Црна Хроника

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Published

on

Алајдин Сулејмани, син на Назми Сулејмани Аруша, поранешен командант на ОНА, е загинатиот во престрелката што се случи вчера попладне зад полициската станица Бит-пазар среде бел ден.

Според официјалните информации на МВР, престрелката се случила околу 14 часот помеѓу две групи од по пет до шест луѓе.

Тој почина во операциона сала на Државната клиника во Скопје, пишува весникот „Коха“. Засега се знае дека непознати лица испукале неколку куршуми кон Сулејмани, бил погоден во глава, во граден кош и во други делови од телото.

Полицијата истражува дали вчерашното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случи пред две недели.

Continue Reading

Црна Хроника

Тетовец напднал социјален работник – фрлани предмети кон вработените, искршен бил и инвентарот

Published

on

Тетовец во текот на вчерашниот ден физички нападнал вработен во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје.

Нападнатиот е 41-годишен социјален работник, кој бил на своето работно место.

Тетовецот кој упаднал во установата оштетил и дел од инвентарот, фрлал тврди предмети и им се заканувал и на другите вработени.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Она што загрижува е што ова се случува по само еден месец откако беше застрелана социјална работничка во Прилеп, што предизвика протести ширум земјата. Зад овој напад стоеше 50 годишен маж, кој претходно побегнал од Психијатриската болница во Демир Хисар. Социјалната работничка беше префрлена во прилепската болница со прострелна рана, но надвор од животна опасност. Напаѓачот за кој подоцна се дозна дека подолго време ја демнел жртвата, беше приведен.

Социјалните работници кои долго алармираат дека се незаштитени, по овој настан излегоа на протести, барајќи нападот врз нив да се третира како напад врз службено лице, да имаат физичко обезбедување, психосоцијална поддршка, подобри услови за работа и построги санкции за насилниците.

На овие протести беше истакнато дека вработените во Центрите за социјална работа секојдневно се соочуваат со закани, вербални и физички напади додека ја вршат својата должност, а недостатокот на безбедносни мерки во институциите каде што работат сериозно го загрозува не само нивното физичко и менталното здравје, туку и квалитетот на услугите што ги обезбедуват.

Continue Reading

Црна Хроника

Почина 30-годишникот кој беше тешко повреден во пукањето на Бит Пазар

Published

on

Алајдин Сулејмани, 30-годишен од Арачиново им подлегна на тешките повреди кои ги здоби пред неколку часа од истрели во близина на Полициската станица Бит Пазар. Младиот маж почина во операциона сала на Државната клиника во Скопје, пишува весникот „Коха“.

Настанот се случил денес, по петочната молитва, кога засега непознати лица испукале неколку куршуми кон 30-годишникот, кој бил погоден во глава, граден кош и други делови од телото.

Алајдин бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата истражува дали денешното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случила пред околу две недели.

Целиот текст на 4news.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк