Connect with us

Република

Битола: Одржан состанок на локалниот совет за превенција – Зголемени полициски контроли и вклученост на родителите за зголемена безбедност на младите, посебно во пресрет на матурските забави

Published

on

ОДРЖАН СОСТАНОК НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА – ЗГОЛЕМЕНИ ПОЛИЦИСКИ КОНТРОЛИ И ВКЛУЧЕНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА МЛАДИТЕ, ПОСЕБНО ВО ПРЕСРЕТ НА МАТУРСКИТЕ ЗАБАВИ

Советот за превенција при Општина Битола, денес одржа состанок на кој се разгледуваа неколку важни теми. Ситуацијата со деца малолетници во локали во ноќните часови, проблемот со деца под дејство на алкохол и обезбедувањето на безбедност на подрачјето на општина Битола за одржување на престојните матурски и полуматурски прослави, беа разгледувани како една точка на која беа презентирани моменталните состојби и беа претставени мерки за подобрување на јавната безбедност и ред, како и засилено патролирање и контролирање на јавниот ред и мир. Од страна на МВР информираа дека Одделот за превенција спроведува континуирани активности, со цел да се подигне свеста кај граѓаните и да не се предизвикуваат прекршоци.

Градоначалникот Коњановски, замоли за зголемено присуство на МВР на терен со цел зголемување на безбедноста.

Од страна на МВР и Центарот за социјална работа, беше нагласено дека родителите треба да бидат поотворени за соработка, да се организираат едукативни собири, како родителите би биле активно вклучени во активностите за спречување на конзумирање алкохол и управување со мотори и автомобили.

МВР информираше дека, согласно доставениот список од сите организирани матурски прослави, на терен ќе има присуство на униформирани лица, а до родителите апелираа, да не им се дозволи на матурантите да управуваат со автомобили.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината е подготвена да излезе во пресрет за организација на секаков вид едукативни настани.

Исто така, градоначалникот Коњановски, побара поголема вклученост на сите одговорни субјекти за решавање на проблемот со кучињата скитници, посочувајќи дека не е ретка појавата на испуштање кучиња од сопственици особено во делот кај поранешната Касарна.

Директорот на ЈП Комуналец, информираше дека досега преку прифатилиштето „Хачико“, третирани се 193 кучиња, но и дека за сите проблеми на терен известена е и Агенцијата за храна и ветеринарство и се прават обиди за заедничко делување.

Република

Германски пожарникари поминаа 3.000 километри за лично да ја донесат донацијата во Кочани

Published

on

На повик на Германската амбасада, денес во Кочани пристигна конвој со хуманитарна помош од Германија, предводен од група пожарникари кои несебично донираа специјализирано противпожарно возило и значајна количина опрема на своите колеги од Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани.

https://youtube.com/watch?v=5F2cbCH2LQ4%3Ffeature%3Doembed

Германските пожарникари, со голема пожртвуваност, земале одмор од нивните работни обврски и лично патувале речиси 3.000 километри за да ја достават донацијата. Со овој чин, тие не само што ги подобрија условите за работа на кочанските пожарникари, туку и испратија силна порака на солидарност и пријателство.

Оваа донација е значаен придонес за зајакнување на капацитетите на ДПД Кочани и уште еден доказ дека преку соработка и добра волја се градат мостови меѓу народите.

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading

Република

Поради градежни работи за проширување на патот за село Буково, од понеделник времен режим на сообраќај

Published

on

На барање на локалните жители и населението кое го користи локалниот пат за с.Буково и нивното укажување на проблемите за безбедно одвивање на сообраќајот, поради недоволната ширана на патот од 3,5 м’, Општина Битола спроведе постапка и склучи договор за изведба и проширување на коловозот.

Вкупната вредност на договорот изнесува 19.690.365 денари, а рокот на изведба е 90 дена.

Работните активности на терен се веќе започнати, а од понеделник на овој патен правец ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

-Доградбата (проширувањето) на дел од постоечкиот коловоз е со должина од 600 м, а ширината на асфалтниот дел од коловозот ќе изнесува 5,50 м’, односно ќе се изврши симетрично проширување на постоечкиот коловоз од две страни од по 1,0 м, соопшти Општина Битола.

Од двете страни на коловозот (до асфалтниот дел) предвиденa е изработка на банкини со ширина од по 75 см. од секоја страна.

-Во банкината на пониската страна ќе се вградат префабрикувани бетонски каналети до самиот раб од доградениот асфалт со димензии 40/20/50 см, додека на останатите 35 см, од банкината ќе се изврши стабилизација со бетонирање на АБ плоча со д = 10 см. Банкината на повисоката страна ќе се стабилизира само со бетонирање на АБ плоча со ширина од 75 см. и д=10 см, потенцираа од Општина Битола.

Вака прифатената атмосферска вода преку каналетите во банкините, предвидено е да се спроведува во префабрикувани бетонски риголи со димензии 50/40 х 50 см. поставени од двете страни на патот.

Continue Reading

Република

Коњановски: Младите се клучот за напредокот на Битола

Published

on

Во рамките на одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, денес се одржа Отворен ден под мотото „Корени и крилја“, со цел промоција на студиските програми пред матурантите и афирмација на меѓународната соработка преку партнерството со КОЛОРС Алијансата.

На панел-дискусијата свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој ја нагласи улогата на општината во креирањето услови за образование, развој и афирмација на младите. Тој посочи дека стекнувањето на високообразовна диплома е суштинско за личниот напредок, но и за целокупниот развој на општеството.

Коњановски ги презентираше и програмите што Општина Битола ги спроведува за поддршка на младите: активното функционирање на Младинскиот центар, финансиската поддршка за младински проекти, програмата за летна студентска пракса со паричен надоместок, како и активностите на Локалниот младински совет кој има улога во иницирање младински политики на локално ниво.

„Младите се најважната алка на едно општество. Наша обврска е да вложуваме во нивниот развој, да ги поддржуваме нивните иницијативи и да создадеме услови каде што ќе останат и напредуваат токму тука – во Битола“, истакна Коњановски.

Активностите продолжија на платото пред Офицерскиот дом, каде претставници на Младинскиот совет и Општина Битола ги претставија сите достапни програми и можности за младите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк