Connect with us

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Uncategorized

Турска инвестиција од 25 милиони евра во Скопје – инвестиција потврдена на средба со директорот Димовски

Published

on

Македонија станува се поинтересна за инвеститорите. Турската компанија Cavo Otomotiv изрази сериозна подготвеност да отвори нова фабрика во индустриската зона во Скопје во вредност од 25 милиони евра, што ќе отвори 500 нови работни места. Cavo Otomotiv е мултинационална корпорација која работи во автомобилската индустрија, дизајнира и произведува безбедносни производи и разни механизми и оперативни кабли. Компанијата освен во Турција, моментално е присутна и во Канада, Германија и Словачка, а потенцијалната инвестиција во рамки на ТИРЗ ќе има клучно значење како за Македонија, така и за Европа.

Намерата за вложување беше потврдена на средбата меѓу првиот човек на Otomotiv, Кемал Амануел, со директорот на ДТИРЗ, Гоце Димовски.

Беа истакнати напорите и посветеноста на Дирекцијата за ТИРЗ како институција која активно работи за подобрување на условите за инвестирање во соработка со Владата и сите засегнати страни, соопштија од ТИРЗ

Претходно беше објавено дека турската Џагатај Кабло ќе ги прошири постоечките капацитети во Бунарџик, а со тоа ќе отвори 200 работни места и ќе се вложат 6 милиони евра во нов објект од 10 илјади квадратни метри.

Последниве неколку недели и други странски инвеститори најавија нови капацитети или проширување на постоечките. Меѓу нив се американски „Алкараз“, турски „Казанџи холдинг“, француски „Акуо“.

Најавен е и влез на нова компанија која ќе произведува бела техника во Скопје, целосно наменета за извоз. Се очекува да бидат отворени уште 200 работни места.

Минатиот месец во штипската зона започна со работа канадска „Магна“, фабрика која ќе вработи до 500 луѓе кои ќе произведуваат електронски компоненти за автомобилската индустрија.

Според последните податоци на Народната Банка минатата година завршила со рекордно нивно на странски инвестиции од 1 милијарда и 250 милиони евра. Последниот квартал бил најдобар кога вложувањата достигнале 400 милиони евра.

Власта најави политики за привлекување нов бран странски инвестиции кои треба да донесат и до 6 милијарди евра во Македонија. Односно, инвестицискиот циклус треба да опфати изградба и реконструкција на  автопати, регионални и експресни патишта, железничка инфраструктура, изградба на пругата Табановце- Гевгелија која ќе е дел од Коридорот 10,  болници во Штип и Кичево и реконструкција на клиничка болница во Тетово. Парите за ова според вицепрмиерот Николоски дел се обезбедени во Буџетот, а дел ќе бидат позајмени.

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Пропадна планот на ДУИ за предизвикување на предвремени парламентарни избори!

Published

on

„Народот е против ДУИ. Меѓународната заедница е против ДУИ. Стратешките партнери се против ДУИ. ДУИ е сама, изолирана и непосакувана од сериозните партнери. ДУИ остана во бродот што тоне осамена со корумпираните политичари кој сеуште ги контролира. ВЛЕН е со народот, партнерите и победата“, посочуваат од коалицијата.

Пазарот кој што го направи ДУИ лично со Арбен Таравари за дестабилизација на владата и предизвикување на предвремени избори, пропадна. Последната надеж и лага која ДУИ им ја сервира на своите членови, дека брзо ќе се врати на власт, е веќе минато. Не помогна ниту Олигархија, ниту Соравија, ниту Лотарија. Ова се вистинското лице на срамот на ДУИ и синоним за злоупотреба на власта за богатење на семејството, велат од коалицијата ВЛЕН.

-Идејата за плурализам, демократија и борба против корупцијата победи на изборите, победи и во овие матни игри и повторни обиди за делење на албанското политичко ткиво. Али Ахмети веќе нема сила со поделби на Албанците да биде власт, да одлучува сам, да се богати неговата фамилија, да ги брка нашите деца надвор од државата. ВЛЕН е горд на демократијата и плурализмот кој ги донесе, додека ДУИ сака една партија да владее. ВЛЕН е горд дека ги обединува Албанците, додека ДУИ ги дели. ВЛЕН е горда дека донесе одговорност за корумпирани политичари, додека ДУИ сака да ги заштите криминалците од нивните фамилии, посочуваат од ВЛЕН.

„ВЛЕН е горда дека е демократска, додека ДУИ е партија на едно семејство. ДУИ треба да се помири дека ќе остане во опозиција уште долги години. Народот е против ДУИ. Меѓународната заедница е против ДУИ. Стратешките партнери се против ДУИ. ДУИ е сама, изолирана и непосакувана од сериозните партнери. ДУИ остана во бродот што тоне осамена со корумпираните политичари кој сеуште ги контролира. ВЛЕН е со народот, партнерите и победата“, посочуваат од коалицијата.

Continue Reading

Uncategorized

НЕПРИФАТЛИВО Е АКО ТАРАВАРИ СЕ ДОГОВАРА СО ДУИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е неприфатливо доколку Арбен Таравари како коалициски партнер во Владата е во договори со ДУИ за настап на претстојните локални избори. Мицкоски денеска изјави дека утре ќе има средба со Таравари на која ќе побара јасен одговор од него во врска со оваа тема.

„Со Таравари имаме редовна, секојдневна комуникација како колеги во Владата. Утре ќе имаме средба на која јасно сакам да слушнам дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет-шест општини каде што тој ќе оди со кандидати, ДУИ нема да има свои предлози за градоначалници. Тоа значи себепонижување како политичка партија, а второ дека ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 122 години од неговата смрт.

Мицкоски кажа дека во втората половина на месецов пред Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со имињата на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во октомври.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк