Connect with us

Свет

Парламентот на Малдиви усвои забрана за влез на израелски туристи

Published

on

Парламентот на Малдиви усвои забрана за влез на израелски туристи во знак на солидарност со Палестинците

Парламентот на Малдиви денеска го одобри предлог-законот со кој се забранува влез на израелски државјани во земјата, како чин на солидарност со народот во Појасот Газа кој, како што се наведува во соопштението, се наоѓа „во окови на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас“.

Законот веднаш беше потпишан од страна на претседателот на Малдиви, Мохамед Муизу, јавува францускиот Фигаро.

„Малдиви уште еднаш ја потврдуваат својата непоколеблива солидарност со палестинската кауза. Оваа ратификација ја одразува јасната позиција на владата во однос на постојаните злосторства и геноцидни дејства што Израел ги врши врз палестинскиот народ“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Забраната, која доби поддршка и од владејачката партија и од опозицијата, веднаш стапи во сила, соопшти портпаролот на претседателот.

Според официјалните податоци, Малдиви во февруари оваа година угостиле околу 214.000 странски туристи, од кои само 59 биле израелски државјани.

Претходната забрана за израелски туристи беше укината на почетокот на 1990-тите, а односите меѓу двете земји накратко беа обновени во 2010 година. Сепак, минатата година Министерството за надворешни работи на Израел веќе ги советуваше своите граѓани да ги избегнуваат патувањата на Малдивите поради зголемениот политички ризик.

Свет

На жените им е строго забранета една работа за време на погребот на папата: Има само една опција

Published

on

Строг протокол на облекување за погребот на папата Франц: Бисери, црни вратоврски и симболика на боите

За верниците и светските лидери кои денес присуствуваат на погребот на папата Франц, важи прецизен дрес-код што мора строго да се почитува.

За мажите, протоколот наложува темно одело со долга црна вратоврска и црно копче на левиот ревер, додека белата кошула е дозволена. Белата боја, сепак, е строго забранета за жените.

Жените се должни да носат долга црна облека – најчесто фустан – во комбинација со црни ракавици и црн вел преку главата. Единствено, дозволениот накит се бисерите, кои според традицијата симболизираат скромност и почит.

Кога станува збор за високото свештенство, кардиналите ќе бидат облечени во виолетова хорска облека, додека бискупите и другите прелати ќе носат виолетова боја – симбол на жалост и духовно размислување. Самата погребна облека на папата Франц ќе биде во црвено, боја која во христијанската симболика претставува крвта на мачениците и присуството на Светиот Дух.

Погребот на папата ќе се одржи денес во една од петте таканаречени „папски базилики“ – базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Телото на поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде пренесено од базиликата Свети Петар.

До овој момент, своето присуство го потврдиле најмалку 130 странски делегации, додека за медиумското покривање на настанот се акредитирани околу 2.700 новинари од целиот свет.

Continue Reading

Свет

Северна Кореја го претстави новиот воен брод: Лидерот Ким Џонг Ун со посебна порака

Published

on

Северна Кореја го претстави новиот воен разорувач: „5.000 тони моќ и партиска лојалност“

Северна Кореја официјално го претстави најновиот адут во својата морнарица – современ разорувач со тежина од 5.000 тони, опремен со напредно вооружување и изграден целосно со домашна технологија. Веста ја објави високиот функционер и секретар на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја, Џо Чунг-рјонг.

„Овој воен брод од 5.000 тони е опремен со најмоќното оружје што нашата армија го поседува и беше завршен во рок од само 400 дена, потпирајќи се исклучиво на сопствени сили, ресурси и технологија,“ изјави Чунг-рјонг, истакнувајќи дека проектот е симбол на самодоволноста и одлучноста на Северна Кореја да ја зајакне својата воена моќ на море.

Претседателот Ким Џонг Ун лично им се заблагодари на работниците, инженерите и техничарите кои учествуваа во изградбата на новиот разорувач, потенцирајќи дека нивниот труд е директен одраз на „партиската линија за јакнење на морнарицата и одбранбените капацитети на државата“.

Според државните медиуми, новиот брод ќе одигра клучна улога во одржувањето на одбранбената стабилност во корејските води, особено во контекст на зголемените тензии во регионот и присуството на странски воени сили во близина на полуостровот.

Северна Кореја сè почесто го нагласува својот фокус на развој на модерна воена опрема, при што се истакнуваат морнарицата и ракетната програма како столбови на националната одбрана. Новиот разорувач се опишува како „плод на револуционерната посветеност“ и доказ дека земјата не планира да се откаже од сопствениот пат, без разлика на надворешниот притисок и санкциите.

Continue Reading

Свет

Тензии над Балтичкото Море: Русите го нарушиле воздушниот простор – Полска со одговор

Published

on

Полската војска денеска објави дека руски воен хеликоптер од Балтичката флота синоќа го нарушил полскиот воздушен простор над Балтичкото Море.

Во официјална изјава објавена на платформата X, полската армија соопшти дека овој инцидент е уште еден обид на Русија да ја тестира подготвеноста на полските системи за воздушна одбрана, пренесе агенцијата Ројтерс.

Во последно време, руски воени авиони, беспилотни летала и ракети сѐ почесто го нарушуваат полскиот воздушен простор, особено додека ги таргетираат областите во западна Украина. Секој ваков инцидент ги активира системите за воздушна одбрана на Полска и носи дополнителни тензии во регионот.

Полските власти ја осудија последната повреда на воздушниот простор и најавија дека внимателно ќе ги следат сите активности на руските сили во близина на границите на НАТО.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк