Connect with us

Балкан

Стерјовски загрижен од постојаниот притисок на Бугарите, бара поголемо внимание за Македонците, од македонската и албанската влада

Лидерот на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и кандидадат за пратеник, Васил Стерјовски, гостувајќи во емисијата „Конак“ на СОТ7 телевизија, на прашањето дали чувствува загриженост во однос на континуираниот притисок на Бугарите во насока на асимилација на Македонците во Албанија, дава потврден одговор.

– Да, загрижен сум. Видете. Ние навистина сме под постојан притисок за асимилација, и сега во овој момент, и тоа постојано од 2017 година, кога беше признато едно непостоечко бугарско малцинство под бугарски притисок, што беше одобрено од парламентот, но, под закана од бугарско вето. Тоа го потврдува со фактот дека во моментот кога албанското  Министерството за надворешни работи го поднело предлог-законот за заштита на националните малцинства, предложило признавање на осум малцинства без бугарското, но „откако Бугарија отворено се закани со вето, тогаш власта и опозицијата ги здружија гласовите и со еден амандман ги додадоа и Бугарите. Од тој момент ние сме под постојан притисок за асимилација на македонската заедница, и навистина државата Македонија била индиферентна. Ние секако заштитата ја бараме од државата во која живееме а тоа е Албанија, но во моментот кога Албанија го гледа повисокиот интерес – членството во ЕУ и не сака да биде попречена, отколку неправдите што ни се прават на нас, ние, секако дека очекуваме внимание и од македонската влада за да останеме на нашите огништа како Македонци – рече Стерјовски.

Токму поради ова, додаде, пред два месеца нашата партија, МАЕИ ги покани македонските парламентарни партии во Корча.

– Македонија мора сериозно да ја сфати работата со македонската заедница во Албанија. Не да остане рамнодушна. Треба да направи стратегија, заедно со албанската влада и со конкретни вложувања, и со конкретни проекти, за да помогне овие луѓе да не заминуваат од своите краишта и да го сочуваат својот јазик, култура и традиција. Доколку немаме долгорочна стратегија од ваков вид,  ние сме на пат да исчезнеме во Албанија, затоа што овој празен простор го пополнува Бугарија, со сите тие донации, со сите тие активности што ги прави. Затоа и ги прави – констатира тој.

Одговара  и на прашањето „Зошто Македонците и се потребни на на Бугарија?

– Затоа што ние живееме долж албанско-македонската граница, и борбата Бугарија ја води со Македонија, со македонскиот народ. Со ова што сака да создаде „Бугари“ на границите со Македонија, таа сака да покаже дека Македонија од сите страни е опкружена со Бугари и не може да постои во средина македонски народ. Затоа се сите овие обиди да нè асимилираат во Албанија – нагласува Стерјовски.

Поради тоа, вели тој, бараме „уште поголемо внимание од страна на македонската влада, заедно со албанската, нормално во рамки на соработката, за да им помогнат на овие жители тука да им се подобрат условите за живот, да не си заминуваат, туку да останат и да го развиваат и зачуваат својот македонски идентитет“.

Advertisement

Балкан

МПЦ–ОА донираше богослужбени материјали за македонската заедница во Тирана


Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија.

Во име на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и на Македонците голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

Како друштво, веќе неколку години по ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Додава дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добие календар треба само да се контактира со друштвото.

Continue Reading

Балкан

Родителите на деца до 12 години во Бугарија ќе можат да работат од дома или со скратено време

Парламентот на Бугарија денеска на прво читање усвои законски предлог со кој родителите и старателите на деца до 12 години ќе можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина за време на летниот распуст.

Предлог-законот за измена на Законот за работни односи е поднесен од пратеничката Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а едногласно бил усвоен со 181 глас „за“.

Досегашниот закон предвидуваше ваква можност само за родителите на деца под осум години. Новата измена го проширува ова право до децата до 12 години, но исклучиво за периодот на летниот распуст.

Continue Reading

Балкан

Трагедија во Хрватска: Турски противпожарен авион се урна, пилотот загина

Турски противпожарен авион „Ертрактор“ АТ-802Ф се урна во Хрватска, при што пилотот загина на лице место. Хрватските медиуми јавуваат дека пилотот испратил повик за помош откако одеднаш почнал да губи брзина, а потоа исчезнал од радарот. Локален жител забележал пожар на местото на несреќата и веднаш повикал служби за итни случаи.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари, полиција, брза помош и Хрватската горска спасувачка служба (HGSS). Трагично, телото на пилотот било пронајдено на местото на ударот.

Авионот бил во сопственост на Турската управа за шумарство и имал регистарски ознаки OR-2025. Вчера, заедно со идентичен авион, пристигнал од Тирана на аеродромот Крк. Денес, авионот се упатил кон Загреб, но по ненадејното губење на височината се вратил назад, при што се случила трагедијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг