Connect with us

Црна Хроника

Балканот во тага и неверување: Почина една од најпознатите српски водителки

Published

on

По кратка, но тешка болест, почина српската водителка и манекенка Даниела Борачeва, пренесуваат регионалните медиуми.

Борачeва беше позната по својот ангажман во промовирањето на здрав начин на живот, како и по издавањето на книгата „Мојот манекенски готвач“, која содржи рецепти и совети за урамнотежена исхрана.

Тажната вест ја соопшти нејзиниот сопруг преку социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака со која ѝ се прости:

„Почивај во мир, кралице“, напиша тој.

Црна Хроника

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Published

on

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р.Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

На 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што околу 01.30 часот физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди на А.С.(34) од Р.Турција, кој бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување помош.

Continue Reading

Црна Хроника

Хорор во Македонија утрово: Син со секира си го уби таткото, мајката се бори за живот

Published

on

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“.

Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители.

Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба.

Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Велосипедист во Куманово удрил пешак и се здобил со тешки повреди

Published

on

Во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Доне Божинов“, ул.„Ленинова“ и ул.„Тодор Велков“ во Куманово велосипед управуван од Ж.Ф.(64) од с.Речица, кумановско, удрил во пешакот Д.Д.(40) од Куманово. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк