Хаос на автопатот Гостивар-Тетово: „Голф“, „БМВ“ и „Хјундаи“ се судрија – еден во тешка состојба!

На 15.04.2025 во 19.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Гостивар-Тетово, после клучка Камењане, се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки,  управувано од  К.А.(30) од Велес, патничко возило „бмв“ со гостиварски таблички, управувано од И.П.(42) ОД Гостивар и патничко возило ,,хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од с.Камењане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Голф“, Е.Е.(36) од Скопје, додека тројцата возачи и една сопатничка од голфот се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.