Connect with us

Балкан

Јотова до македонските колеги: Бугарските барања се нормални, а не наш каприц

Published

on

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова и еврокомесарката Марта Кос ќе разговараат за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Тие ќе учествуваат на отворањето на форумот „Европската Унија се среќава со Балканот“.

„Ова ќе биде моја прва средба со комесарката Кос. Сакаме да слушнеме од неа каква е визијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Моја опсервација е дека оваа тема е целосно напуштена во последните месеци“, рече бугарската потпретседателка пред почетокот на форумот.

Јотова потврди и дека ќе го каже ставот на Бугарија во однос на Република Северна Македонија.

„Според мене, оваа дебата се искривува и кај нас во Бугарија и на европската сцена. Има обид на нашите колеги од Северна Македонија да ги претстават нормалните барања на Бугарија – почитувањето на европските критериуми – како речиси каприц од наша страна, а дополнително се обидуваат да ги стават во билатерална блокада, што не е точно“, коментира потпретседателката Јотова.

Балкан

Еди Рама со убедливо водство на изборите во Албанија

Published

on

Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на парламентарните избори во Албанија

Социјалистичката партија на Албанија, предводена од актуелниот премиер Еди Рама, остварува силно водство на парламентарните избори одржани на 11 мај, покажуваат најновите податоци објавени од Централната изборна комисија (ЦИК).

До утрово беа пребројани 1.083 гласачки кутии од вкупно 5.225, а социјалистите имаат освоено 53,26% од гласовите. Според првичната распределба на мандати, партијата на Рама обезбедува 82 пратенички места во албанскиот парламент, при што предничи во главните изборни единици, меѓу кои Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.

Премиерот Рама се огласи преку социјалните мрежи рано изутрина, објавувајќи фотографија од седиштето на партијата осветлено во розова боја, придружена со пораката: „Каква зора е денес“, и симболично го наведе бројот 5 – изборниот број на Социјалистичката партија.

Од другата страна на политичкиот спектар, коалицијата предводена од Демократската партија (ДП) освои 50 мандати, што претставува пад од 13 места во споредба со минатите избори.

Лидерот на ДП, Сали Бериша, на прес-конференција пред полноќ изрази сомнеж во изборниот процес, обвинувајќи за, како што рече, „обиди за фалсификување од страна на силеџиите во Драч“. Тој сè уште не се изјасни дали ќе го признае изборниот резултат.

Кај помалите партии, Партијата на социјалдемократите (ПСД) на Том Доши се позиционираше како трета политичка сила со освоени 4 пратенички места. Коалицијата „Nisma Shqipëria fëster“ доби 2 мандати, додека Партијата на можности и движењето „Заедно“ обезбедија по еден пратеник.

Изборниот процес во Албанија се следи со зголемено внимание, како од домашната јавност, така и од меѓународните набљудувачи, особено поради политичката поларизација и нерешените несогласувања во редовите на опозицијата.

Continue Reading

Балкан

Според првите излезни анкети, партијата на Рама во убедливо водство на изборите во Албанија

Published

on

Првични анкети: Победа на Социјалистичката партија на изборите во Албанија

Според првите излезни анкети објавени од медиумите Албанијан пост и Клан Косова, на парламентарните избори во Албанија најмногу мандати освои Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама – вкупно 79. На второ место се најде коалицијата предводена од Демократската партија на Сали Бериша, со освоени 54 пратенички места.

И покрај објавените анкети, официјалните резултати од изборите сè уште не се соопштени од страна на политичките партии. Од Социјалистичката партија изјавија дека премиерот Рама нема да се обрати на јавноста пред вторник, потенцирајќи дека „нема да даде изјава додека не се преброи и последниот глас“.

Во главниот град Тирана владее мирна атмосфера. Не се забележани јавни собири или славења од страна на поддржувачите на ниту една политичка партија.

Continue Reading

Балкан

Силен земјотрес регистриран во Романија

Published

on

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во Романија, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот се наоѓал на 22 километри од Лопатара и на 63 километри од градот Бузау, во покраината Влашка, на длабочина од 125 километри.

Земјотресот бил почувствуван во Романија, Молдавија и Украина. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк