Connect with us

Македонија

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше резултатите од четиридневната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на која пред инвеститорите беа изложени повеќе инфраструктурни проекти, како што се оние од транспортот, енергетиката и туризмот. Меѓу проектите кои привлекле внимание се коридорите 8 и 10, како и инвестиции во Охрид, Попова Шапка, Чебрен и Галиште.

„Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија и работиме на тоа да се најдеме на мапата на светските инвеститори“, истакна премиерот Мицкоски.

Во изјавата, Мицкоски истакна дека оваа посета, која ја оствари со тимови од Владата и неговиот Кабинет, беше исклучително успешна и ќе претставува значаен чекор напред за македонската економија.

„Разговаравме за инфраструктурни проекти, вклучувајќи ги коридорите 8 и 10, и важното продолжување на коридорот 10-д. Понатаму, дискутиравме за инвестиции во туризмот, особено за нашиот бисер – Охрид, но и за Попова Шапка како важен туристички потенцијал“, додаде Мицкоски.

Тој истакна дека биле разгледувани и можности за изградба на значајни проекти во градежништвото кои ќе станат препознатливи не само во Македонија, туку и на Балканот и пошироко.

„Истовремено, дискутиравме и за инвестиции во енергетиката, посебно хидроцентралите на Река Црна – Чебрен и Галиште, како и потенцијалот за нови соларни и ветерни капацитети“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека посетата е оценета со највисока оценка, како економски така и политички успех, бидејќи повторно се воспоставува близок однос со Обединетите Арапски Емирати, по долгата пауза во соработката.

Македонија

Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Published

on

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

М.А. – вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.08.2017 примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј.(50) од Косово, по што во системот, во задолжителниот дел за потполнување од приложена важечка лична карта или друг важечки јавен документ во графата ја внела само таксата, без нитуи еден личен податок.

Потоа, извршила фотографирање за издавање на патна исправа на лицето Х.Ј.(50) од Косово без приложен важечки личен документ за идентификација со внесување и искористување на податоци на идентитет од друго лице и на тој начин му овозможила да се стекне со лажен идентитет и патна исправа од РСМ.

Додека пак, второпријавената М.И., вработена на работно место помлад советник за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, пропуштила да изврши должен надзор и на тој начин извршила повреда на законските прописи за издавање на патна исправа. На 30.08.2017, таа го одобрила барањето за изготвување на патна исправа за лицето Х.Ј. со внесени податоци од идентитет на друго лице.

Continue Reading

Македонија

Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Published

on

На 11.05.2025 во 19.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.П(23) од Кавадарци затоа што кај него биле пронајдени и одземени зелена тревкаста и бела прашкаста материја.

Подоцна, по добиени оперативни сознанија дека дрогата ја купил од Т.С.(41) од Кавадарци, на 12.05.2025 со судска наредба бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.С., при што била пронајдена и одземена зелена тревскаста материја, по што и тој бил лишен од слобода.

Ѓ.П и Т.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Continue Reading

Македонија

Здравствената состојба на Панчо се подобрува: Раните на телото ќе се залечат, ама лузните на душата ќе останат за навек!

Published

on

Здравствената состојба на Панчо се подобрува секојдневно, се надеваме дека наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување, за „Фокус“ открива близок соработник на дуото ДНК, чиј член Владимир Блажев Панчо речиси два месеца е хоспитализиран, по пожарот во Кочани.

– Физичките рани ќе заздрават, но душата на Панчо, и на сите кои изгубија свои блиски во пожарот, вечно ќе им гори. Никој ниту сакал, ниту пак можел да претпостави дека вакво нешто може да се случи. За жал, времето не може да се врати назад, вели соговорникот за Фокус.

И други блиски соработници на Панчо од естрадниот свет со кои разговаравме, велат дека се уште се занемени од трагедијата и само се надеваат Панчо што побргу да се врати во својот дом, и да собере сили да продолжи со животот. Додаваат дека се свесни како никогаш животот нема да биде ист, ниту за Панчо, ниту пак за било кој што изгубил близок во пожарот, а поради сензитивноста на случајот, не сакаат да зборуваат јавно.

Прочитај повеќе на Фокус

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк