Connect with us

Свет

Светот изненаден од потегот на рускиот претседател: Путин после две децении го промени мислењето и донесе важна одлука

Русија официјално ги отвора вратите за соработка со Талибанците

По две децении во кои ги третираше како терористичка организација, Русија денес направи драматичен пресврт – официјално ја укина забраната за Талибанците. Одлуката ја донесе Врховниот суд, со што практично се отвора пат за нормализација на односите со авганистанското раководство, кое е на власт од 2021 година.

Иако ниту една земја сè уште не ја признава владата на Талибанците, Москва веќе извесен период ја гради оваа нова стратегија – соработка со некогашните непријатели, сега во име на заедничката борба против тероризмот. Владимир Путин веќе минатата година го најави овој курс, нарекувајќи ги Талибанците „сојузници против заканите од екстремизам“.

Русија ваквиот чекор го оправдува со растечката безбедносна закана од радикални исламски групи што делуваат низ Авганистан, Средниот Исток и Централна Азија. Особено по нападот во март 2024 година, кога милитанти убија 145 лица во концертна сала кај Москва – напад за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.

Американските разузнавачи укажаа дека нападот го извела авганистанската ќелија на Исламска држава – позната како ИСИС-К (Корасан). Талибанците, пак, тврдат дека активно работат на искоренување на оваа група од територијата на Авганистан.

Но, патот до меѓународно признавање за нив не е ни малку лесен. Западните земји и понатаму се остро критички расположени, особено поради ограничувањата што ги наметнаа врз жените. Девојчињата и жените во Авганистан се соочуваат со забрани за средно и високо образование, како и строги правила за движење без машки старател.

И покрај ова, Русија очигледно одлучи дека моментот бара прагматизам наместо идеологија – и ја отвора нова страница во својата авганистанска политика.

Advertisement

Свет

Погодена амбасада – силен напад врз Киев

Во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, Киев беше погоден од масовен руски воздушен напад со дронови, крстосувачки ракети и балистички проектили. Повеќе од 430 дронови и 18 ракети беа користени, при што беа погодени стамбени згради, медицински установи и други објекти.

Претседателот Володимир Зеленски обвини дека Русија извршила „злобен“ напад, при кој животот го загубиле најмалку четири лица, а 27 се повредени. Еден од ударите ја погоди и Амбасадата на Азербејџан во Киев.

Во главниот град избувнаа пожари во осум окрузи, а штета е пријавена и во приватни куќи, складишта и автомобили. Најтешко погодени се Дарницкиот, Дњепровскиот, Подилјскиот, Шевченковскиот, Голосијскиот, Десњанскиот, Соломјанскиот и Свјатошинскиот округ.

Continue Reading

Свет

Елитната руска единица „Рубикон“ создаде огромни проблеми за Украина – огромна промена на фронтот

Елитната руска единица „Рубикон“ – специјализирана за електронско војување и лов на оператори на беспилотни летала – драматично го менува соодносот на силите на фронтот и ја поништува некогашната предност на Украина во дрон-операциите, пишува „Фајненшл тајмс“.

Украинските оператори на беспилотни летала, кои речиси две години им нанесуваа тешки загуби на руските сили, сега се под постојан надзор и директни напади. „Рубикон“ комбинира борбени дронови, напредни системи за електронско извидување и брза ротација на своите тимови за да ги лоцира и елиминира операторите длабоко зад линијата на фронтот – дури и до 10 километри.

„Дронот можеш да го замениш, но пилотот е незаменлив“, вели украинскиот оператор Дмитро, кој раскажува дека за влакно избегнал смрт кога руски дрон почнал да го следи над шума во близина на бојните позиции.

Појавата на „Рубикон“ предизвика остар пресврт на дигиталното бојно поле, уривајќи ја една од најсилните тактички предности на Киев. Неговата ефикасност дополнително ја притиска украинската армија, која и онака се брани од поголемите и подобро финансирани руски сили.

„Рубикон е нашиот најголем проблем“, признава Артем Карјакин, украински војник од линијата кај Покровск – стратегиски важен град што, по една година жестоки борби, е на чекор од пад.

„Да Русите немаа толку добро обучени оператори на дронови, нивната пешадија немаше да може да навлезе во градот“, додава тој. „Во моментов, да се биде оператор на беспилотно летало е исклучително опасно.“

Continue Reading

Свет

Орбан предупредува: Европа може да заврши во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ризикот од ширење на војната меѓу Украина и Русија е „секојдневна можност“ поради лидерите на западните држави, кои, според него, даваат простор за про-воени наративи.

Во интервју за јавното радио, Орбан повика Европа да се „сврати кон мир, а не кон војна“. Тој нагласи дека основното прашање е што е во интерес на Европа, а неговиот одговор е – мир. Орбан посочи дека Европа треба да вложи максимални напори за стабилност и да избегне конфликт кој би можел „да ја уништи европската економија“.

Тој критикуваше земји кои, според него, „мислат дека војната е подобра од мирот“ и кои ѝ обезбедуваат на Украина оружје, пари и технологија, додека разговараат за испраќање војници.

Орбан истакна дека западните земји досега потрошиле околу 185 милијарди евра и планираат дополнителни издавања, што според него може „да ја турне Европа во долгови и да остави долгорочни последици за децата и внуците“.

Поради тоа, унгарскиот премиер истакна дека се бори „да ги оддалечи Европејците од про-воениот пат“ и да го насочи фокусот кон мирот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг